Турски печат 18.10.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуечните случувања во земјава и светот

Турски печат 18.10.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Значајна изјава и пораки од Ердоган“ истакнува дека на покана на претседателот на Модлавија Игор Додона, претседателот Реџеп Тајип Ердоган престојува во посета на оваа земја. На заедничката прес конференција Ердоган  рече дека банките Зираат банкаси и Халк банк ќе отворат филијали во Молдавија. На средбата беа разменети мислења во врска со билатерални односи, регионалните прашања и борбата против терористичките организации, првенствено ФЕТО.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот за надворешни работи Чавушоглу оствари средба со американскиот колега“ истакнува дека министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу оствари средба со американскиот колега Мајк Помпео кој престојуваше во посета на Анкара. По средбата со Помпео, Чавушоглу одговараше на прашањата на новинарите. Чавушоглу рече дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на американскиот државен секретар Помпео му ја пренесе пораката дека во случај САД се соочуваат со тешкотии околу чистењето на Мунбич од терористите, ние самите ќе ги исчистиме терористите. Во освртот на турско-американските односи, Чавушоглу рече: "Санкциите беа бесмислени. Ние се согласуваме дека санкциите и слични ограничувања не треба да бидат дел од нашата односи“.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Ттурската авиокомпанија Туркиш ерлајнс, по 60 години почнува со директни летови Анкара – Рим“ истакнува дека Туркиш ерлајнс првиот директен лет Анкара – Рим го оствари уште во 1959 година. По период од 60 години повторно ќе почнат летовите помеѓу главните градови на Турција и Италија. Летовите ќе започнат на 7 јануари 2019 година и ќе се изведуваат двапати неделно. Во тие рамки почна продажбата на билети за меѓусебни летови, кои ќе се реализираат секој понеделник и четврток.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Продолжуваат преговорите меѓу Турција и Русија во однос на визите“ ја објавува изјавата на амбасадорот на Турција во Москва Хусеин Дириоз кој во освртот на турско- руските односи на манифестацијата во Москва што се одржува под покровителство на  Унијата на руско-турските бизнисмени во Москва посочи на значењето на визната либерализација за натамошен развој и унапредување на економските и трговските односи меѓу Турција и Русија. Продолжуваат активностите за повторна имплементација на безвизниот режим меѓу двете земји. Состаноците во врска со визните прашања со Русија кои ќе се одржат веднаш по консултативните средби на конзулатите ќе започнат на почетокот на ноември.



Слични вести