Турски печат 13.09.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 13.09.2018

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Одлука за девизите од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган“ пишува дека одлуката на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со одбраната на вредноста на турската лира е објавена во Службениот весник. Според тоа, во купопродажбите на недвижен имот и хартии од вредност и при нивно изнајмување ќе се користи турската лира. Договорите кои што се склучени во девизи во рок од 30 дена ќе бидат претворени во турски лири.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Во Лондон отворен Турски трговски центар“ информира дека министерката за трговија Рухсар Пекџан го отвори Турскиот трговски центар во главниот град на Англија Лондон. Министерката Пекџан во новоотворениот Турски трговски центар ги разгледа производите на фирмите кои делуваат во секторите на керамичарството, градежништвото, архитектурата и дизајнот каде што беше информирана за овдешните работи. Турскиот трговски центар во Лондон се наоѓа во квартот Клеркенвел каде што имаат свои канцеларии фирми кои делуваат во меѓународни рамки, а во рамките на трговскиот центар има 13 фирми.

„Решението на проблемот во Идлиб поминува од соработката со Турција“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ каде што стои дека катарскиот министер за надворешни работи Шеик Мухамед бин Абдурахман бин Касим ал-Тани истакна дека случувањата во подрачјето на градот Идлиб бо Сирија се загрижувачки. Ал-Тани напомена дека патот за исчистување од терористичките елементи на Идлиб како зона на деескалација и заштитата на животот на цивилите поминува од соработка со сојузниците во регионот како што е Турција. Ал Тани ја изнесе загриженоста од тоа дека сирискиот режим уште еднаш ќе изврши масакр против сопствениот народ и нагласи дека светот не вложува доволно напори за спречување на оваа состојба.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Ракетен натпревар кој побуди гордост кај Турција“ информира дека во Турција за прв пат се одржува ракетен натпревар. За учество на натпреварот кој што во светот досега се одржува само во Турција и САД  аплицираа 157 турски екипи. Пет екипи од натпреварувачите вчера ги истрелаа ракетите кои што ги дизајнираа самите. Ракетите и на петте екипи беа успешно истрелани и достигнаа до височина од 2.800 метри.

„Фестивалот за воздухопловство во Истанбул (Текнофест почнува на 20 септември)“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“ каде што стои дека останаа изброени денови за Истанбулскиот фестивал за воздухопловство, вселена и технологија Текнофест. Фестивалот што ќе се одржи од 20 до 23 септември ќе биде домаќин на натпревари во светски рамки и во Турција ќе допатуваат познати личности од различни земји. Воздухопловните манифестации ќе траат во текот на фестивалот. На фестивалот во заедничка организација на државниот и приватниот сектор ќе се одржат технолошки натпревари во 12 категории. Меѓу нив се наоѓаат ракети, автономни системи, вештачка интелигенција и беспилотни летала-дронови. На фестивалот Текнофест ќе биде познат и победникот на Светскиот куп во натпревари со дронови. На натпреварите ќе учествуваат 64 спортисти од 25 земји.

 



Слични вести