Турски печат 12.09.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 12.09.2018

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Нападите врз Идлиб ќе го разгорат политичкиот процес“ ја објавува изјавата на Ибрахим Калин портпаролот на канцеларијата на претседателот на државата кој за време на состанокот на кабинетот упати повик за спречување на евентуалниот напад врз Идлиб. Калин подвлече дека треба да се постигне согласност околу едно политичко решение. Евентуален напад врз Идлиб може да го разгори политичкиот процес, да предизвика криза на доверба. Исто така може да предизвика и нов бран на миграции кој ќе влијае и врз Европа. Нашиот повик е до Запад, особено САД да го спречат евентуалниот напад.

„ХаберТурк“ во веста под наслов „Изјавата на Чавушоглу во врска со Идлиб: Нашиот предлог е отворен“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој веднаш по состанокот на шефовите на дипломатиите на Турција, Полска и Романија одржа прес конференција и во освртот на состојба во Сирија рече дека разменуваат мислења со земјите кои споделуваат исто мислење. Освен нападите на режимот во Сирија исто така продолжуваат и нападите на Русија, рече Чавушоглу потенцирајќи дека нашиот предлог во врска со Идлиб е отворен. Треба да се суспендираат нападите. Дојдете заедно да соработуваме во борбата против терористичките групи.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Реакција од МНР до САД“ ја објавува изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи (МНР) на Турција Хами Аксој кој рече дека одлуката на САД за затворање на претставништвото на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон претставува јасен показател дека заврши непристрасноста на САД во врска со Блискоисточниот мировен процес. Покрај тоа, Турција ќе продолжи со поддршката на праведната кауза на Палестина и палестинскиот народ, рече портпаролот Аксој.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Џиновско знаме на границата со Сирија“ истакнува декана јарболот на еден рид во близината на месноста Цејланпинар кај Шанлиурфа на границата со Сирија беше поставено турско знаме од 150 метри. По повод поставувањето на знамето на јарболот висок 50 метри во населбата Озбек од страна на општината Џејланпинар беше одржана свеченост. На свеченоста учествуваа градоначалникот на општина Џејланпинар Мендерес Атила, претседателот на градскиот огранок на Партијата за правда и развој (АК Парти) Халид Шимшек и одборниците на собранието на општината.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Успешно помина првото палење! Ќе се вреже во историјата“ истакнува дека првиот турски хеликоптер со оригинален дизајн Т625 го промовираше нивото кое го достигна турската одбранбена и воздушна индустрија. Во рамките на активностите за развој на моторот на хеликоптерот, заврши производството на првиот прототип на моторот кој го сочинува јадрото на системот и успешно беше остварено првото палење.



Слични вести