Турски печат 11.09.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 11.09.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Реакција од министерството за надворешни работи против Грција“ пишува дека Турција побара од Грција да стави крај на ставот за непризнавање на избраните муфтии на турското малцинство во Западна Тракија. Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој рече: „Грижите на турското малцинство во Западна Тракија се споделуваат и од наша страна. Грција која не ги признава избраните муфтии на турското малцинство во Западна Тракија очекуваме првенствено да се откаже од овој нејзин став и да ги земе во предвид очекувањата на турското малцинство.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Соопштени бројките на раст за втората четвртина“ информира дека турската економија во втората четвртина од годината оствари раст од 5,2 насто. Со овој процент на раст Турција ги остави зад себе земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и се најде на второ место меѓу земјите на Европската унија (ЕУ). Според методот на производство, прогнозата за бруто домашниот производ (БДП) по тековни цени во второто тромесечје од годинава во споредба со истиот период минатата година со раст од 20,4 насто се зголеми на 884 милијарди 4 милиони 260 турски лири.

„Проценка на растот од министерот Албајрак“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабер Турк“ каде што се вели дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во врска со податоците за постигнатиот раст во втората четвртина од годината рече дека бројките на раст во втората четвртина покажуваат дека е започнат процесот на урамнотежување во економијата. Министерот Албајрак истакна дека водечките показатели укажуваат на тоа дека станува евидентен застојот во внатрешната побарувачка почнувајќи од третата четвртина, а воедно нагласи дека приоритетна цел се тековниот дефицит и инфлацијата и упати повик за водење на сеопфатна борба на тоа поле.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Соборен рекорд во последните 9 години во извозот на суво грозје“ пишува дека Турција сезоната 2017-2018 година во секторот на суво грозје без семки ја остави зад себе со реализиран извоз од 279 илјади 343 тони и профит од 452 милиони 498 илјади долари. Извозот на суво грозје оствари раст од 8 насто. Делот на земјите од Далечниот исток во извозот на суво грозје без семки од 8 насто е зголемен на 11 насто.“  

Весникот „Стар“ Во Калехојук пронајдени 800 годишни Ахиски здруженија“ информира дека во ископувањата во Калехојук во чии рамки се истражува 5 илјади годишната историја на градот Киршехир се извадени на светлината на денот Ахиски здруженија од кои најстарото датира од пред 800 години и кои делувале во времето на Селчуците и Османлиите. Ископувањата во подрачјето започнаа како сондажа во 2009 година по што извесно време беа прекинати и во 2012 година беа повторно започнати.

 



Слични вести