Турски печат 10.09.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 10.09.2018

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „По три години повторно литургија во црквата на островот Акдамар“ истакнува дека по период од три години, годинава повторно се одржа литургија во црквата Акдамар која се наоѓа на истоимениот остров во близината на местото Геваш кај Ван. Со литургијата која беше проследена и од страна на министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, раководеа вршителот на должноста архиепископ на турските Ерменци Арам Атешјан и епископите во негова придружба Сахак Машалјан, заменик вршителот на должноста патријарх Магакја Бескисизјан. На литургијата учествуваа стотици лица од странство.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Награда за почитување на човечки заслуги за Емине Ердоган“ истакнува дека напорите за помош на настраданите и сите оние кои што имаат потреба од помош на госпоѓа Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, особено напорите за доделување помош на настраданите во човечката драма во Мијанмар, го привлекоа вниманието на меѓународната јавност поради што од страна на Форумот на глобалните донатори беше номинирана за наградата „Благодарност за човечките услуги“. Наградата на Емине Ердоган ќе и биде доделена на 11 септември во Лондон.

„ХаберТурк“ во веста под наслов „9,6 милиони странски посетители од воздух на Анталија“ истакнува дека Градската дирекција за култура и туризам на Анталија ги објави податоците во врска со странските посетители кои во Анталија допатуваа по воздушен пат. Анталија годинава се подготвува да ги сруши сите рекорди од аспект на посетеноста, Бројот на туристите кои дојдоа во Анталија се зголеми на 9 милиони 666 илјади 859 туристи.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Кинезите во Турција дојдоа за суво грозје“ истакнува дека по одлуката на Кинезите за откуп на суво грозје од Турција, кинеската делегација која допатува во Турција, ги посети објектите на Тариш Ентегре која важи за една од најголемите извозници на суво грозје на Турција. Посетителите изразија задоволство од посетата и истакнаа дека им се допаднале објектите, а исто така им се заблагодарија на турските домаќини.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Се преместува историското турбе“ истакнува дека во рамките на активностите за спасување на историските дела кои што ќе останат под вода со изградбата на браната Илису во Хасанкејф кај Батман, турбето Имам Абдулах тешко 800 кг денес ќе биде пренесено на друго место.



Слични вести