Турски печат 06.09.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 06.09.2018

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Реакцијата на Турција против Русија и режимот на Асад во врска со Идлиб“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој во врска со цивилните загуби во Идлиб предизвикани од страна на Русија и Бешар Асад рече: „Никој никого не треба да насамарува. Целта на овие напади е да се преземе контролата над Идлиб. Чавушоглу остро реагираше на изговорите дека причината за бомбардирање на Идлиб биле радикалните групи. Ако навистина сте против овие групи, тогаш зошто истите од Алепо, Источна Гута, Хомс па дури и од југ ги внесовте во Идлиб?“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Во 2019 година Турција ќе влезе во фаза на економски раст“ ја објавува изјавата на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак кој рече дека како резултат на довербата што и беше дадена на инвеститорите, не очекуваат многу убави денови. Ќе бдиеме сведоци на поголеми странски инвестиции особено по постепеното објавување на сите фази на новиот економски период. Турција со мултидимензионалната економска програма ќе продолжи да ја зголемува довербата на странските инвеститори рече министерот Албајрак.

„ХаберТурк“ во веста под наслов „паметните луѓе гу купуваат турските средства“ ја објавува изјавата на светско познатиот американски инвеститор и финансиски експерт Џим Роџерс кој на инвеститорите им порача да купуваат турски средства. Роџерс рече дека паметните луѓе купуваат турски средства. Ако мислам да инвестирам тогаш ќе купам средства во Турција. Усвојувањето одлука од страна на САД против Турција е лудост рече Роџерс потенцирајќи дека овој став на подолг временски период ќе биде на штета на САД.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Турски белег во F35“ го објавува соопштението на Управата за одбранбена индустрија во кое беа изнесени производите кои што ги произведоа турските компании за авионот Ф-35 во чие сериско производство САД сака да ја исклучи Турција. Во производството на 19 елементи на авионот од трупот до моторот учествуваат 7 турски компании. Турските компании кои произведуваат критични делови за авионот, имаат голема улога во севкупното производство на авионите Ф-35 и навремената испорака,

Весникот „Сабах“ во веста од наслов „Турција во атак за туризмот на свадби“ истакнува дека во последно време во Турција расте туризмот на свадби. Турција е една од најпреферираните земји за одржување на свадбите од страна на гостите од Блискиот Исток. Особено во последно време се забележува голем раст на гостите од Либан и Индија кои во последните седум месеци ја посетија земјава. Бројот на туристите од Индија се зголеми за 95 насто и достигна 83 илјади, додека од Либан со раст 43 насто се зголеми на 155 илјади.



Слични вести