Турски печат 05.09.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 05.09.2018

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Може да дојде до масакр“ пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на враќање од Киргистан даде значајни изјави при што во врска со операцијата на подрачјето на градот Идлиб во Сирија го достави следното предупредување: „Доколку бидат истрелани ракети врз Идлиб таму може да се доживее голем масакр.“ Претседателот Ердоган рече: „Во Идлиб се спроведува мошне суров процес. Таму има 3,5 милиони луѓе. Доколку се доживее евентуална трагедија првото место каде што ќе бегаат овие луѓе ќе биде повторно Турција.“

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Командосите им нанесоа голем удар на терористите во Икијака“ информира дека безбедносните сили кои ги продолжуваат непрестано операциите на планините Икијака на границата со Ирак, за кои се велеше дека се „место во кое не може да се влезе“, за три недели неутрализираа 16 терористи. Турските командоси им нанесоа голем удар на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во ова подрачје.  

„Двајцата грчки војници признаа дека на турската страна од границата преминале илегално“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“ каде што се вели дека според информации во грчките медиуми, двајцата грчки војници кои беа држени во затвор во Едирне 5 и пол месеци, биле сослушани од страна на нивните претпоставени. Притоа овие двајца грчки војници признале дека преминале илегално на турската страна од границата.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „АСЕЛСАН формира своја база на Кипар“ пишува дека водечката компанија на турската одбранбена индустрија АСЕЛСАН ќе формира свој центар за истражување и развој и тестирање во Турската Република Северен Кипар (ТРСК). АСЕЛСАН која инаку е формирана по ембаргото кое што почна да се спроведува врз Турција за време на мировната операција на Кипар во 1974 година, а со цел развивање на домашната воена индустрија, на тој начин ќе го отплати својот долг кон Кипар.

„Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Прилив на туристи! ’Ова е рај’“ информира дека Базенот Клеопатра во Памуккале белиот рај кај градот Денизли, за кој што се раскажува дека е формиран по земјотресот во 60-сетата година од нашата ера и дека овде се капела и познатата египетска кралица Клеопатра, стана омилено место за туристите кои го посетуваат ова подрачје. Туристите кои пливаат меѓу голем број историски остатоци уживаат во топлата вода за која што се вели дека е и лековита.

 



Слични вести