Турски печат 04.09.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 04.09.2018

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Започна одбројувањето наназад за „Текофест Истанбул“ истакнува дека согласно целите на потфатот за национална технологија, од 20 до 23 септември Текнофест Истанбул ќе се одржи во новиот аеродром на Истанбул кој важи за најголем на светот. Првиот фестивал на воздухопловство, вселенски истражувања и технологија Текнофест Истанбул, освен технолошки натпревари со најголеми награди во историјата на Турција исто така ќе пружи и воздухопловно акробатски демонстрации, семинари, ќе се одржи состанок на меѓународните иницијативи и низа други различни активности за посетителите.

„ХаберТурк“ во веста под наслов „Туркиш карго бројот на летовите го зголеми на 85 дестинации“ истакнува дека турската авиокомпанија „Туркиш карго“ која важи за една од најбрзо растечките во воздушниот карго транспорт, во рамките на дестинациите за кои лета ги вброи Кигали главниот град на Руанда и Мускат главниот град на Оман. Заедно со летовите за новите дестинации, вкупниот број на летови на Туркиш карго изнесува 85 дестинации.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција и Русија ќе потпишат договори за соработка во сферата на земјоделството“ истакнува дека Турција и Русија се подготвуваат во рамките на претстојниот форум Истанбул СНР Експо што ќе се одржи на 5 септември да потпишат договори за соработка во сферата на земјоделството. По саемот „Фуд Истанбул“, во рамките на Турско-рускиот бизнис форум што ќе се одржи под покровителство на Советот за надворешни односи (ДЕИК), ќе се одржи состанок на кој ќе учествуваат претставници на текстилниот, железничкиот, челичниот, прехранбениот, секторот за мебел, земјоделскиот и машинскиот сектор.  Во рамките на манифестацијата ќе се потпишат неколку договори за меѓусебна соработка во сферата на земјоделството.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Туристите навалија во Памуккале“ истакнува дека Базенот на Клеопатра кој беше формиран по земјотресот во 60-та година во Памуккале, белиот рај на Денизли како што инаку е познато ова туристичко место и за кој постои рпедание дека египетската кралица се капела во овој базен, стана еден од најомилените и најпопуларните места за туристите. Туристите коишто пливаат меѓу археолошките историски остатоци на античкиот базен, уживаат во благодетта на топлата и лековита вода. Големо е интересирањето на домашните и странските туристи кон античкиот базен познат под името „Базен на убавината на Келопатра“ кој нуди лек за низа различни болести. Според преданијата, Богородица Марија на пат за Ефес се пожалила на болки, откако го измила лицето во Памуккале, оздравила.



Слични вести