Турски печат 03.09.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 03.09.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „5 холдинзи од Катар почнаа да инвестираат во Турција“ пишува дека по потегот на Катар за инвестиции од 15 милијарди долари и приватниот сектор на оваа змеја својата рута ја сврте кон Турција. 5 познати катарски холдинзи во прва етапа притиснаа на копчето за инвестиции во износ од 300 милиони долари. Ахмет Хусејин Ахмет Хасан, генералниот директор на компанијата Ројал Линк која раководи со инвестициите на Катар Холдинг, Есса, Нора Рашит Ал Доосори, Ал Сумеити и Рашит Ел Кубејси, изјави дека доколку се формира канцеларија која ќе пројави интерес за инвеститорите од Катар износот на инвестициите кои што ќе дојдат во Турција би можел да достигне до 50 милијарди долари.

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Заработката на автомобилските фирми на берзата се зголеми за 25 насто“ информира дека вкупната заработка на 8 фирми на Берза Истанбул, кои делуваат во автомобилскиот сектор, во првата половина од годината во споредба со истиот период минатата година со остварен раст од 25 насто достигна до 1 милијарда 748,7 милиони турски лири. Вкупните активи на автомобилските фирми во втората четвртина од годинава достигнаа до 42 милијарди турски лири, а сопствените извори со кои што располагаат изнесуваат над 10 милијарди турски лири.

„Познат датумот кога ќе полета националниот хеликоптер“ гласи насловот на веста на странците на весникот „Стар“ каде што се вели дека првиот национален хеликоптер на Турција Т-625 ги започна своите тестирања на моторот и за прв пат ги сврте своите пропелери. Датумот на првото летање на хеликоптерот чиј дизајн и производство се реализирани со домашни можности е 6 септември. Националниот хеликоптер Т-625 е развиен за да може да извршува задачи под секакви услови, под секакви тешки климатски и географски услови, на голема височина, високи температури, дење или ноќе. Во дизајнот и производството на хеликоптерот се употребени национални извори. Освен тоа овој прв национален хеликоптер е опремен со широк спектар на задачи.  Хеликоптерот се планира да се користи во голем број сфери како што се транспорт, пренос на товар, пребарување и спасување, возудшно амбулантно возило.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Едната од 7-те најдобри рути за пешачење во светот се наоѓа во Турција“ пишува дека Ликискиот пат кој што се оценува како една од 7-те најдобри рути за пешачење на долго растојание, чија должина изнесува 540 километри и се протега од населеното место познатото туристичко одморалиште Фетхије кај градот Мугла до градот Анталија, со својата единствена панорама на гостите им нуди една извонредна историска длабочина. Историскиот пат кој што започнува со панорамата на Олу Дениз т.ј. Мртвото Море му причинува чувство на човека како да поминува низ времеплов меѓу извонредни природни убавини. Полуостровот Теке кој што од Фетхије и Анталија се протега кон Средоземното Море во историјата е познат како Ликија. Означените патеки на овој полуостров кои што понекогаш поминуваат преку високи планини, понекогаш преку извонредни убави плажи, а понекогаш преку антички градови, се познати под името Ликиски пат.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Августовски рекорд во туризмот во Анталија“ истакнува дека познатиот туристички центар Анталија во месец август оваа година го собори рекордот на сите времиња во туризмот. Бројот на туристите кои дојдоа во градот во август изнесува 2 милиони 150 илјади лица. Бројот на туристите кои допатуваа во градот во периодот од 1 јануари до 31 август изнесува 9 милиони 62 илјади лица. Анталија во 2018 година се очекува да го посетат вкупно некаде околу 14 милиони туристи.



Слични вести