Турски печат 31.08.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 31.08.2018

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Победоносната гордост на Турција“ истакнува дека по повод 30-ти август, 96-та годишнина од Денот на победата, во целава земја и надворешно диплматско-конзуларните претставништва се одржаа свечени манифестации со кои беше одбележан празникот. Сите плоштади во целава земја беа исполнети со граѓаните кои го одбележаа празникот. Децата со турски знамиња во рацете со големо возбудување ги проследија воените паради.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Не ќе можат да ни застанат на патот“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги упати следните пораки: „Не можат да ја поднесат Турција која го следи зацртаниот пат. Без огледа на тоа што и да направат, не ќе можат да застанат на патот на голема и силна Турција. Илјада пати да помислат дека не потклекнале, илјада пати ќе станеме на нозе и ќе продолжиме по зацртаниот пат.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Информација која ќе го налути Трамп“ истакнува дека американската гигантска компанија Линкедин не го зема за сериозно Трамп и почна со инвестициите во Турција. Компанијата која има 500 милиони активни корисници, почна со преговори за отворање канцеларија во Истанбул и инвестирање.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ниту Арапите ниту Русите! Овојпат тие се во Турција“ истакнува дека во последните години се забележува голем раст на посетителите од Латиноамериканските земји. Само во првите седум месеци на годинава, бројот на посетителите од Јужна Америка со пораст од 74,23 насто се зголеми на 138 илјади 493 туристи. Најголем број туристи од латиноамериканските земји доаѓаат од Аргентина и Бразил. Вкупниот број на туристите од овие земји изнесува 41 илјада,.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Оживувањето на туризмот во Турција неповолно се одрази врз Шпанија“ истакнува дека причината за намалувањето на бројот на туристите на Шпанија кој годинава изнесува под очекувањата, е „вртоглавото“ закрепнување на  туристичкиот сектор во Турција. Потпретсдетаелот на туристичката фирма Екзелтур Хозе Луис Зореда рече дека особено падот на англиските и германските туристи, одигра голема улога во закрепнувањето на туристичкиот сектор на Турција. Зореда на претставниците на шпанскиот туристички сектор им порача да го подобрат квалитетот.



Слични вести