Турски печат 29.08.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 29.08.2018

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Прв лет со Ф-35“ истакнува дека турски пилот на борбен авион во рамките на обуката за летови во САД го оствари првиот лет со авионот од типот Ф-35. Авионот Ф-35 кој влезе во инвентарот на Командата на Турсските воздушни сили е првиот авион од петтата генерација. Со супериорните способности како што се ниската видливост, сензорската технологија и радарските системи авионите од типот Ф-35 ќе обезбедат голема предност во оперативните активности на Командата на воздушните сили на Турција кој планира постепено да набави 100 авиони.

„ХаберТурк“ во веста под наслов „во јули официјално зголемени резервните средства“ истакнува дека Централната банка на РТ ги објави меѓународните резерви и девизната ликвидност за јули 2018. Според тоа, официјалните резервни средства во јули споредба со претходниот месец се зголемија за 2,4 насто и се искачија на 100,7 милијарди долари. Гледано од аспект на резервите на девизните средства во споредба со претходниот месец беше забележан раст од 3,9 насто и резервите се зголемија на 76,9 милијарди долари.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Значајна одлука на американскиот фонд за турските обврзници“ истакнува дека американската компанија за фондови Неубергер Берман донесе одлука да ги сочува инвестициите во девизните обврзници во турските банки. Вишиот раководител за портфолио на установата Вивек Боми рече дека нашите инвестиции во големите установи и банки во Турција се во добра состојба. Постојат големи можности за поголеми инвестиции во Турција, рече Боми.

Весникот „ватан“ во веста под наслов „Витрините ќе се украсат поволно за кинеските и арапските туристи“ истакнува дека конфекцискиот сектор со сигурни чекори напредува на патот Турција да ја претвори во земја рај за купувањето. Турција ќе биде база за купување на луѓето од Блискиот и Далечниот Исток, истакнаа претставниците на секторот потенцирајќи дека и колекциите почнаа да се менуваат согласно новите побарувања. Конфекционерите кои согледаа дека странците во Турција доаѓаат да купуваат облека, новата сезона ја подготвуваат за странците. Имено странците во Турција нема да доаѓаат само за топлото сонце, морето и песокта, туку истовремено и за купување облека. Претставниците на секторот се едногласни од аспект на тоа дека Турција ќе стане база за купување на посетителите од Блискиот и Далечниот Исток.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Опсерваторијата Источна Анадолија ќе почне да функционира во 2020 година“ истакнува дека почна одбројувањето наназад за остварување на еден од најголемите проекти за вселенски истражувања на Турција Опсерваторија Источна Анадолија која се гради на ридовите Конакли Карталкаја на надморска височина од 3 170 метри во Ерзурум. Со телескопот кој важи за единствен во светот од тој калибар, ќе може да се видат длабочините на вселената. Опсерваторијата Источна Анадолија која ќе се најде меѓу првите три во светот од аспект на технологијата ќе биде пуштена во употреба во 2020 година. Со пуштањето во употреба на опсерваторијата, се очекува светско познатите и угледни астрофизичари и научниците кои се бават со истражување на вселената да допатуваат во Ерзурум.



Слични вести