Турски печат

Еве ги позначајните вести за кои што информираат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Доларот ја губи својата доверливост“ пишува дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак замина во официјална посета на Франција каде што се состана со францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. На крајот на средбата министерот Албајрак изјави за печатот дека со неговиот француски колега разговарале за одлуката на САД за трговски санкции. Министерот за ртезор и финансии Берат Албајрак истакна дека Турција и Франција ќе делуваат заеднички и напомена дека доларот ја губи својата карактеристика како доверлив инструмент во глобалната трговија.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турската одбранбена индустрија во кинеските медии“ информира дека во една веста емитувана на кинескиот телевизиски канал „Фенг Хуанг“ стана збор за придонесот на турската одбранбена индустрија во економијата. Во веста се вели следното: „Извозот на одбранбената индустрија на земјата е доста популарен на меѓународниот пазар и можеби ќе влијае  во поттикнувањето на економскиот развој на Турција од внатре.“ Во веста на кинескиот телевизиски канал се подвлекува и следното: „И покрај тоа што САД се обидуваат да ја приклештат Турција од економски аспект, блеска економскиот перформанс што го постигнува Турција особено во одбранбената индустрија. Тоа го покажуваат порастот на интензитетот во продажбите и се поголемата популарност на пазарот на успешните производи.“ 

„Американскиот економист Перкинс: Турција цел на финансиските платени убијци“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“ каде што се вели дека авторот на книгата „Исповеди на економскиот убиец“ американскиот економист Џон Перкинс вели: „Немам никакво сомнение во тоа дека постојат економски платени убијци кои целат кон економиите во развој, како што е Турција.“ Во врска со тоа што пак САД во последно време се обидуваат да создадат економски притисок врз Турција, Перкинс вели: „Јас и препорачувам на Турција да стои далеку од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).“

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Бившиот француски претседател Николас Саркози и неговата сопруга Карла Бруни дојдоа на одмор во Бодрум“ пишува дека Николас Саркози и неговата сопруга Карла Бруни кои го поминаа одморот во Турција, на враќање во Франција од познатото туристичко одморалиште Бодрум за Истанбул летаа во економска класа. Саркози на влегување во авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) се поздрави со сите, на неговото лице се гледаше задоволството од поминатиот одмор и разговараше со некои патници со кои дури и се смееше на глас. Патниците покажаа голема заинтересираност кон Саркози со кого и се сликаа за спомен. Неговата сопруга Карла Бруни пак која за време на летот читаше книга, на својата сметка на социјалната медија го сподели постот „Убава Турција, беше како сон“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Четири града од Турција меѓу најздравите градови во светот информира дека интернет сајтот „Нумбео“ кој што објавува информации во врска со земјите и градовите ги соопшти здравствените индекси на градовите. Од Турција во списокот се најода четири града и тоа Бурса, Измир, Истанбул и Анкара. При рангирање на најздравите градови во светот се анализираат 10 различни критериуми како што се зелените површини во градовите, квалитетот на спорстките објекти, чистотата на воздухот и водата, просечниот живот, процентот на обезитост и рамнотежата работа-приватен живот.



Слични вести