Турски печат 27.08.2018

Денешните турски весници опширно пишуват за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 27.08.2018

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Претседателството објави видео по повод неделата на победата“истакнува дека по повод 947-та годишнина од Победата на Малазгирт, претседателството преку официјалниот профил на твитер објави едно видео во кое се раскажува за светиот чекор што беше фрлен во Малазгирт, за време на влегувањето на Турците во Анадолија. Преку видеото, по повод Неделата на победата беше споделено и соучеството до сите шехиди и им беше изразена почит и слава на душите, додека на газиите желба за што побрзо оздравување. Видеото за кратко време собори рекорд за гледаност.

„ХаберТурк“ во веста под наслов „Рекорд во турската одбранбена индустрија“ истакнува дека Жобариа повеќецевен ланчер кој од страна на РОКЕТСАН беше произведен за Обединетите Арапски Емирати е најголемиот ракетен артилериски фрлач во светот од аспект на бројот на цевките поради што се најде во Гинисовата книга на рекорди. Системот кој располага со топовски ракетен систем со калибар од 122 мм се прифаќа за еден од најсилните во светот. Системот е сместен на трејлер на 10 тркала, располага со 4 комада ракетни лансери со калибар од по 1222 мм и наеднаш може да исфрли 240 ракети, кои за 2 минути ги испраќа до целта. Системот може да уништи површина до 4 км квадратни.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Повик од германскиот Главен извршен директор до газдите и инвеститорите за Турција“ истакнува дека

Високиот раководител на авиокомпанијата SunExpress, Јенс Бишоф рече: На инвеститорите им советувам одлуките за инвестирање да не ги усвојуваат врз база на истражувањата кои се извршени на маса. Дојдете тука (во Турција), видете ја земјата, околината и инфраструктурата со која располага. Увидовме голем подем во турскиот туризам и привлечноста на земјата. Особено гледано од аспект на европските туристи, Турција повторно изгледа силна. Лани во туристичките центри на Турција и Анадолија пренесовме 8,8 милиони патници. Стапката на зафатеност на седиштата изнесуваше 84 насто и постигнавме рекорден профит од 1,15 милијарди евра. Туристичката сезона на 2018 година ќе биде подобра како за турскиот туризам така и за SunExpress, рече Бишоф.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Нафтените полиња во Турција се утврдуваат од воздух“ истакнува дека првото утврдување на нафтените полиња од воздух со сеизмички метод кој се употребуваше во голем број земји во светот, почна да се применува и во Турција. Турската нафтена компанија (ТПАО) со сеизмички активности од воздух почна во источна и Југоисточна Анадолија. Согласно договорот кој беше постигнат со една британска компанија, 10 члена експертска нафтена екипа, со авионот на Турската нафтена компанија, со првите сончеви зраци полетаа од аеродромот во Батман и почнаа со пребарувањето на подрачјето. Екипата од авионот ги утврдува разликите во земјината тежа и на тој начин ги определува евентуалните нови нафтени полиња.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Мугла спремен за светскиот рели шампионат“ истакнува дека 10-та трка во рамките на Светскиот рели шампионат 2018 (WRC) ќе се одржи од 13 до 16 септември во туристичкото место Мармарис кај Мугла. На тркачката патека долга 896 км, пилотите ќе ја поминат 17-та специјална етапа долга 317 км и на гледачите ќе им овозможат многу возбудливи моменти. Последниот ден на релито, на 16 септември недела, во 09:25 часот според турско време екипите ќе седнат за воланите и трката ќе ја окончаат со етапата Power Stage.



Слични вести