Турски печат 16.08.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 16.08.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Големо интересирање од Британците за турската лира“ истакнува дека по изјавата на генералниот директор на турската банка Акбанк Хакан Бинбашгил дека во странство постои големо интересирање за турската лира една значајна информација пристигна и од  Британија. Весникот „Гардијан“ објави вест во која се истакнува дека една од угледните девизни компании ИЦЕ соопшти дека во касата не им останале турски лири. Девизната компанија во соопштението што го објави преку интернет на веб страницата истакна дека купувањето со турски лири преку интернет во споредба со минатиот месец се зголеми за 24 илјади пати.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Познатиот инвеститор Фабер соопшти дека дојде време да се инвестира во турски средства“ истакнува дека светско познатиот инвеститор Марк Фабер кој е познат со кризните прогнози на меѓународните финансиски пазари рече дека последиците на глобалната трговска војна која што ја започна САД можат да бидат разурнувачки. Фабер рече дека трговските војни се вистинско лудило. Продолжува периодот на стагнација на глобалната економија. Моментално е време за купување на турските акции рече Фабер. Мислам да купам одредена количина да турски акции и дека е време да се инвестира во турските средства.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Трговската војна со Турција ја упропасти американската берза“ истакнува дека администерацијата на Доналд Трамп која започна финансиска војна против Турција предизвика колапс на американската берза. CNN International падот на берзата го објави под наслов „Трговската војна со Турција ја упропасти американската берза“. Во информативната анализа објавена од страна на Фади Хакура беше истакнато дека Запад многу скапо ќе го плати цехот што ќе ја изгуби Турција.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Визно олеснување од Русија“ истакнува дека министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во говорот на 10-та Амбасадорска конференција во врска со визното олеснување за Турција и турските граѓани рече дека се укинува визата за бизнисмените и службените пасоши. Постигнавме принципиелен договор со Русија во врска со укинувањето на визите за бизнисмените, особено шоферите на камионите и шлеперите. Се надеваме дека Русија целосно ќе ги укине визите за турските граѓани рече Чавушоглу.



Слични вести