Турски печат 15.08.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 15.08.2018

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Флеш зборови од претседателот Ердоган: Ќе ги бојкотираме електронските производи на САД“ им одделува место на зборовите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Турција ќе ги бојкотира електронските производи на САД. Ердоган на симпозиумот „Партијата за правда и развој на 16-тата година од власта“ што се одржа во конгресниот центар Конгрезиум во Трговската комора на Анкара, а во организација на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА), направи проценка на одлуката на САД за санкции и рече дека се преземени и ќе продолжат да се преземаат сите мерки по ова прашање. 

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Бинали Јилдирим: Турција ќе излезе успешно од оваа криза“ информира дека претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим кој се состана со амбасадорите во Турција во оваа прилика рече: „Турција е затворена за економските наметнувања коои што се прават со политички пресметки. Турција ќе излезе успешно од оваа криза. Бранувањата на девизниот курс не можат да се објаснат со економските показатели на Турција. Основата на овие случувања не е економска, туку политичка.“

„Министерот Албајрак ќе се состане со странските инвеститори“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ каде пшто се вели дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак утре ќе оствари средба со странските инвеститори преку телеконференција уи притоа директно ќе ги достави своите пораки до глобалните инвеститори по последните економски случувања. На телеконференцијата се очекува да учествуваат 750 до 1000 учесници од целиот свет, а пред се од САД и Блискиот исток.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турската авиокомпанија соопшти дека нема да им дава реклама на фирмите со седиште во САД“ се истакнува дека најзначајните фирми на Турција даваат поддршка на кампањата за рекламно ембарго кон САД. По Турски телеком пристигна соопштение и од Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) која соопшти дека нема да им дава реклама на фирмите со седиште во САД. Прес-консултантот на Туркиш Ерлајнс Јахја Устун во објавата на својата сметка преку социјалната медија напиша „Ние како Турска авиокомпанија сме покрај нашата држава и нашиот народ. На нашите агенции им се издадени неопходните директиви по ова прашање.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Во Ван се пронајдени траги од стапалата на Урартите“ пишува дека во археолошките ископувања кои што се водат под водство на доцент доктор Еркан Конјар, директор на Центарот за историски и археолошки истражувања во подрачјето на градот Ван при Факултетот за книжевност на Истанбулскиот универзитет, во околината на историското Ванско кале се пронајдени  траги од стапалата на Урартите. Доцент доктор Конјар истакна дека трагата од стапало во должина од 26 сантиметри и за која е установено дека е број 36 била земена од местото каде што е пронајдена со нејзино пресекување и по реализирање на неопходните испитувања во лабораторија оваа трага од стапало ќе биде предадена на музејот. 

 



Слични вести