Турски печат 14.08.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 14.08.2018

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турската економија е под опсада“ го објавува вчерашниот говор на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на свечениот ручек што го приреди по повод 10-та Амбасадорска конференција. Ердоган во говорот рече дека американскиот претседател Доналд Трамп донесе произволни одлуки. Турција беше избрана за цел само поради тоа што во последните години постигна низа успеси на меѓународен план. Во последно време Турција како и во другите сфери така и од аспект на економијата се наоѓа под опсада.

„ХаберТурк“ во веста под наслов „Структурата на турската економија е силна“ го објавува постот на портпаролот на претседателството Ибрахим Калин преку профилот на твитер во кој сподели пораки во врска со економските случувања во земјава. Калин во пораката рече: Министерството за трезор и финансии, Централната банка, Установата за банкарска регулатива и супервизија (БДДК), Совет на пазарот на капиталот (СПК) и другите установи, ги преземаат потребните потфати за постигнување финансиска стабилност. Структурата на турската економија е силна. Никој не треба да има доверба во шпекулативните информации и движења. Турција од овој процес ќе излезе посилна, рече Калин.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Повик за инвестирање во Турција од министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу“ истакнува дека министерот Чавушоглу во говорот на свеченото отворање на 10-та амбасадорска конференција истакнува дека денес во Турција инвестираат 74 земји од целиот свет, од кои околу половина од Европа. Ќе продолжиме да работиме со цел да привлечеме поголем број инвестиции во земјава. Уште еднаш го повикувам целиот свет да инвестира во Турција. Покрај сите кампањи, перцепциони операции и тешки искушенија низ кои помина Турција и натаму продолжува да важи за најбезбедно пристаниште за инвестирање.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Чувствуваме големо задоволство од соопштението на Германија“ ја објавува изјавата на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак кој изрази големо задоволство од изјавата на германскиот министер за економија во врска со последните американски потфати против Турција. Политичарите кои се на страната на добронамерноста и дипломатијата, ќе ги зајакнат нашите односи со Германија и ЕУ како и довербата на турскиот народ. Германската влада објави соопштение во кое истакна дека стабилноста на турската економија е во корист и на Германија, поради што со интересирање ги следиме случувањата.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Ирачките туристи најмногу ја преферираат Турција“ истакнува дека Турција со културно-историските и природни убавини и богатства секој изминат ден се повеќе ги привлекува ирачките туристи. Секој изминат ден расте бројот на туристите од јужните ирачки градови Киркук и Ербил. Хидајет Мехди еден од организаторите на туристичката фирма која се бави со туризам рече дека од јуни наваму бројот дневниот број на ирачките туристи кои доаѓаат во посета на Турција изнесува 500.



Слични вести