Турски печат 13.08.2018

Еве ги позначајните настани за кои известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 13.08.2018

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган: Ја видовме вашата игра и ве предизвикуваме“ пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган даде флеш изјави пред Советодавното собрнаие на АК Партијата што се одржа во градот Трабзон. Претседателот Ердоган рече: „Од Трабзон прогласувам дека ја видовме вашата игра и дека ве предизвикуваме. Ако виде доаѓате врз нас со долар ние ќе ги бараме реѓшенијата за водење на нашите работи по други патишта. Ќе им речеме ајде збогум на оние кои своето стратешко партнерство со една 81 милионска земја го жртвуваат со партнерство со тероростичките организации.“

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Визно олеснување од Москва за некои турски државјани“ известува дека руското министерство за надворешни работи соопшти дека се подготвени за укинување на визите за турските државјани во некои категории. Во објавеното писмено соопштение од министрството се истакнува дека за време на посетата што рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја оствари на Турција на 13 и 14 август во рамките на 10-тата Амбасадорска конференција ќе се разговара за економските односи помеѓу Турција и Русија. Во соопштението се вели следното: „Со големо задоволство го дочекуваме порастот во трговскиот обем помеѓу нашите земји. За време на посетата меѓу прашањата за кои што ќе се разговара ќе биде олеснувањето на патувањата на граѓаните на двете земји. Москва потврдува дека е спремна за укинување на визите за турските државјани во некои категории.“

„Трговијата ќе напредува со консултации“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Хабертурк“ каде им се одделува место на изјавите на министерката за трговија Рухсар Пекџан која истакна дека во новиот период ќе се биде во ефикасна комуникација со граѓанските организации и ќе се применуваат проактивни политики за зголемување на трговијата и извозот. „Во тие рамки формиравме Консултационен совет. Со цел да се кренат препреките пред трговијата и да се отвори патот на приватниот сектор ќе ги ислушаме идеите и предлозите на сите средини.“ - рече министерката за трговија Рухсар Пекџан.

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „Извоз на 45 ТИР камиони полжави од Билеџик за Франција“ пишува дека една турска фирма од Билеџик која произведува „полнети полжави“ целото производство го извесува во Франција. Полжавите кои што се преработуваат во фабриката во населеното место Бандирма кај градот Баликесир по производствените постапки во фабриката во Зоната за организирана индустрија во Билеџик со површина од 4 илјади квадратни метри  се извозуваат во Франција.

Весникот „Стар„ во веста под наслов „Јасемин Џан го освои третото место во Европа“ пишува дека турската атлетичарка репрезентативка Јасемин Џан во трката на 5.000 метри на Европското првество во атлетика го освои третото место и се закити со бронзен медал. Вчера последната вечер на шестиот ден од Европското првенство во атлетика во германскиот главен град Берлин се трчаше финалето на трката на 5.000 метри за жени. Турската атлетичарка Јасемин Џан патеката ја истрча со резултат од 14.57.63 со што го освои третото место и се закити со бронзен медал на првенството.



Слични вести