Турски печат 09.08.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат денешните весници овде во Турција...

Турски печат 09.08.2018

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Критичен контакт“ пишува дека Турција и САД седнаа на маса за изнаоѓање решение за кризата која што започна со свештеникот Ендрју Крјег Брансон и кулминира со воведувањето на обострани санкции за министрите за правда и внатрешни работи. На првата остварена средба во Вашингтон учествуваше 9 члена турска делегација предводена од заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал.

Весникот „Хурријет“ на своите страници ја објавува веста под наслов „Раст на извозот на челик“ каде што истакнува дека за 7 месеци од оваа година споредено со истиот период лани, 2017 година, извозот во секторот на челик се зголеми за 26,7 насто и достигна до 8,4 милијарди долари. Групата земји во кои беше реализиран најголем извоз количински во секторот на челик во истиот период од 7 месеци стана Европската унија (ЕУ). Извозот на челик во земјите на ЕУ за 7 месеци од оваа година во споредба со истиот период 2017 година оствари раст од 62,9 насто и достигна до 3 милијарди 604 милиони 730 илјади долари.

„Значајни изјави од министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез“ гласи насловот на веста на страниците на денешниот весник „Сабах“ каде што им се оделува место на изјавите на министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез кој истакна дека во изградбата на нуклеарни централи по Аккују и Синоп, третиот проект ќе биде реализиран во Тракија. Министерот Донмез рече: „Централата во Тракија ќе ја изградиме со Кина“.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Ќе биде прв во светот“ ги објавува изјавите на министерот за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Турхан кој истакна дека се интензивирани работите за проектите за гордост на Турција. Потсетувајќи дека Проектот Троспратен голем истанбулски тунел кој што во јавноста е познат како „Мега проект“ е прв проект во светот, министерот Турхан напомена дека за проектот чии студија продолжуваат ќе биде распишан тендер со моделот Гради-Оперирај-Трансферирај.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Џамијата без шајки им пркоси на годините“ пишува дека џамијата Махмут Беј изградена од дрво уште во 1366 година во селото Касаба кај градот Кастамону, инаку изградена од Емир Махмуд Беј, син на Адил Беј еден од беговите на беглукот Џандароглу, ја привлекува заинтересираноста на домашните и странските туристи. Продолжуваат активностите за внесување во трајниот список на светското наследство на УНЕСКО на оваа џамија, која инаку се наоѓа во привремениот список.



Слични вести