Турски печат 11.07.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 11.07.2018

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган првата надворешна посета ја оствари на Азербејџан“ истакнува дека по свеченото положување на заклетвата и инагурацијата, претседателот Ердоган првата надворешна посета ја оствари на Азербејџан. По тет-а тет средбата со азербејџанскиот колега Илхам Алијев и претседавањето со меѓуделегациските разговори, Ердоган и Алијев одржаа заедничка прес конференција. Двајцата лидери во изјавите потенцираа на братските односи меѓу двете земји и упатија пораки за зајакнување ан пријателството.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Кипар е наша национална кауза“ истакнува дека по посетата на Азербејџан, претседателот Ердоган престојуваше и во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Во изјавата за печатот на заедничката прес конференција со претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи, Ердоган рече дека Кипар е наша национална кауза, а постигнувањето праведно и трајно решение е наша цел. Турција никогаш нема да дозволи Кипарско турскиот народ да биде жртва на нерешението на Кипарското прашање. Исто така Турција никогаш нема да дозволи Кипарските Турци да бидат малцинство во Кипарско грчка држава.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција задоволна од нормализирањето на односите меѓу Етиопија и Еритреја“ истакнува дека Турција изрази задоволство од потпишувањето на заедничката декларација меѓу двете соседни земји Етиопија и Еритреја кои водена мировни преговори.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Хеликоптерите АТАК ќе одржат шоу во рамките на Самитот на НАТО“ истакнува дека Самитот на НАТО што се одржува на 11 и 12 јули ќе започне со шоу летовите на воени 20 хеликоптери меѓу кои има и турски хеликоптери.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Пораст на вкупниот број на патниците на Туркиш ерлајнс на годишна база“ истакнува дека со пораст на вкупниот број на патници од 10,6 насто во јуни на годишна база на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс (ТХЈ), бројот на патниците достигна 6,3 милиони.



Слични вести