Турски печат 16.05.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 16.05.2018

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган рече дека на рацете на Нетанјаху има крв на Палестинците“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во твитот преку официјалниот профил на социјалната мрежа твитер рече дека на рацете на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има крв на Палестинците и дека злосторството што го изврши не може да го прикрие со тоа што ќе изврши напад и на Турција.

„Нетанјаху е премиер на една апартхејдска (расистичка) држава која над 60 години прекршувајќи ги резолуциите на ОН ги држи под окупација териториите на една беспомошна земја која е без одбрана“ рече Ердоган.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Саботажа на мирот“ ја објавува изјавата на премиерот Бинали Јилдирим во Анкара кој во врска со пренесувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим рече дека тоа претставува саботажа на мирот и Турција не го прифаќа тоа. Оваа одлука нема никакво важење за Турција. Отворањето на Амбасадата на САД во историјата ќе биде забележан како ден на пролевањето на крвта на Палестинците. Остро ја осудуваме и проколнуваме политиката на линчување и насилство на Израел кој со употреба на прекумерна сила спроведува терор, рече Јилдирим.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Поранешниот туниски претседател рече дека во врска со прашањето околу Ерусали, Арапите за пример треба да ја земат Турција“ ја објавува изјавата на поранешниот туниски претседател и претседател на Арапскиот совет за одбрана на демократските револуции Мунсиф Марзуки кој во Истанбул изрази благодарност на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и турскиот народ за цврстиот став и одбраната во врска со случувањата. На арапските влади им препорачувам во најмала рака да имаат цврст став. Како пример за тоа можат да ја земат Турција“ рече Марзуки.

Весникот „Ватан“ во веста од наслов „Доаѓаат во Турција“ го објавува соопштението на Руската федерална туристичка агенција Ростуризм која соопшти дека руските граѓани за одбележување на празничните денови по повод Празникот на работниците и Денот на победата повторно ја избраа Турција за дестинација и провод на одморот. 52,3 насто од руските граѓани годинава повторно ја избраа Турција за одмор, соопшти агенцијата.

Весникот „ХаберТурк“ во веста под наслов „Џиновскиот брод кој излезе на светска турнеја пристигна во Кушадаси“ истакнува дека бродот „Azamara Journey“ кој плови под знаме на малта и излезе на светска турнеја, со 850 патници пристигна на пристаништето Еге Порт на Кушадаси кај Ајдин. Дел од патниците со автобуси беа пренесени во посета на античкиот град Ефес и Куќата на богородицата, додека на поминување свратија и во центарот на градот.



Слични вести