Турски печат 13.02.2018

Преглед на денешниот турски печат

Турски печат 13.02.2018

Весникот Стар во веста под наслов „Јилдирим:Цела Европа ќе плати висока цена“ истакнува дека, на заедничка конференција за печатот со премиерот на Македонија Зоран Заев кој престојува во официјална посета на земјава,премиерот Бинали Јилдирим на поставено прашање за воената операција на турските вооружени сили Маслиново гранче во Сирија рече дека  она што го прави Турција во регионот не е само осигурување на безбедноста на животите и имотите само на своите државјани, туку истовремено ја осигурува безбедноста и на цела ЕУ и Балканот. Ако Турција не се грижи за овие подрачја, цела Европа ќе плати скапа цена за тоа, како за кризата со бегалците, така и со бранот тероризам. За жал, гледаме дека ова не е доволно забележано и ценето од страна на ЕУ“.

Весникот Хабертурк во веста под наслов „Потпретседателот на владата Чавушоглу : Односот на САД може да доведе до прекин на односите со Турција“ истакнува дека потпретседателот на владата Хакан Чавушоглу во интервју за ТРТ се осврна меѓу другото и на објавувањето на буџетот на Пентагон и рече дека одвојувањето некаде околу половина милијарда долари за поддшка на терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија може да резултира со влошување на односите меѓу Турција и САД па дури и до целосен нивни прекин.

Весникот Јени шафак во веста под наслов“Порака од Чавушоглу пред посетата на Тилерсон“ истакнува дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пред најавената посета на американскиот колега Рекс Тилерсон на Анкара изјави : САД не го одржува ветувањето, или ќе дојде до подобрување на односите или тие сосема ќе се влошат.“

Весникот Ватан во веста под наслов „ Уште една земја ќе набави хеликоптери од Турција“ истакнува дека,министерот за одбрана на Филипините Делфин Лорензана изјавил дека неговата земја планира да набави хеликоптери за општа намена и дека за тоа се во преговори со производителите во Турција, Кореја, Русија и Кина.

Весникот Сабах во веста под наслов „Турчин избран за претседател на ГЛАФРИ“ истакнува дека Ѓоксал Ѓунѓор генерален директор на Асан Алуминијум е избран за глобален претседател на ГЛАФРИ Меѓународна иницијатива на производители на алуминијумски фолии. Ѓунѓор функцијата ќе ја преземе во следните дена од сегашниот претседател Оливер Хоммел.

 

 



Слични вести