Турски печат 07.12.2017

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 07.12.2017

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ердоган започна мобилизација за Ерусалим“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган започна мобилизација против признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на САД. Претседателот Ердоган започна телефонска дипломатија против чекорите кои би можеле да предизвикаат застој на Блискоисточниот мировен процес, поради што во својство на привремен претседавач со Организацијата за исламска соработка на 13 декември свика вонреден состанок во Истанбул.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Заедничка декларација на Големото национално собрание на Турција за Ерусалим“ истакнува дека претставниците на 4-те политички партии во Големото национално собрание на Турција објавија заедничка декларација против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. На седницата на генералното заседание на Собранието беше прочитана заедничка декларација на политичките партии против одлуката на Трамп во која беше истакнато следното: Големото национално собрание на Турција недвојбено и без дискусии ја одбива оваа авантуристичка иницијатива.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Турција се крена на нозе за Ерусалим“ истакнува дека признавањето на Ерусалим за главен град на окупаторски Израел од страна на САД, Турција ја крена на нозе. Имено во голем број градови во Турција беа одржани протести против САД и Израел. Ерусалим кој со векови важи за црвена линија на муслиманите, беше причина граѓаните во голем број градови на земјата да излезат на улиците и да ја изразат поддршката на Ерусалим.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Турција и Русија постигнаа согласност: Доаѓа третиот“ истакнува дека претставниците на рускиот и турскиот воздухопловен сектор постигнаа согласност за назначување трета авиокомпанија на линијата Москва-Анталија на која се одржуваат летови секој ден во неделата. Досега директни летови на линијата Москва-Анталија остваруваа авиокомпаниите Аерофлот и Туркиш ерлајнс.

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Паметните тестени се извезуваат во Јапонија“ истакнува дека една турска фирма во Коња која со производство на макарони се бави од 1998 година, како резултат на тригодишната заедничка соработка со Институтот за научно-технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК), усоврши производ на макарони збогатен со Е витамини, фосфор и протеини. Со извозот на овој производ во Јапонија и 10 други земји во светот, фирмата дава придонес во економијата на земјата, истакнува весникот.



Слични вести