Турски печат 10.11.2017

Преглед на денешниот турски печат

Турски печат 10.11.2017

Весникот Хуријет во веста под наслов „Сонце кое не заоѓа“ пишува дека денес по повод одбележувањето на 79.годишнина од смртта на великиот Ататурк ,основачот на модерна Република Турција, се повеќе добива на цена неговата визија за турската држава. Денес турскииот народ со благодарност и љубов се потсетува на ликот и делото на великанот Мустафа Кемал Ататурк. И денеска како и секоја година на 10 ноември,кога се одбележува годишнина од смртта на Ататурк цела Турција и целиот турски народ му оддава почест пред неговото вечно почивалиште во Мавзолејот Аниткабир во Анкара. По повод 10 ноемри претседателот Реџеп Тајип Ердоган објави порака до нацијата во која се истакнува следното:  „Гази Мустафа Кемал е голем јунак и ценет лидер респектиран од целиот свет,војсководец кој  ја поведе борбата за слобода и турскиот народ го поведе во славна победа“.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Ќе се отвори нова страница“ истакнува дека премиерот Бинали Јилирим кој престојува во посета на САД оствари средба со Мајк Пенс потпретседател на САД. По средбата со Пенд,премиерот Јилдирим ги извести новинарите кои  известуваат од неговата официјална посета на САД дека разговорот со Пенс поминал во конструктивна и пријателска атмосфера, дека сосема отворено се разговарало за сите прашања,како билатерални така и регионални и меѓународни.Мој впечаток е дека има подобрување во односите меѓу двете земји и дека треба да се фрлат конкретни чекори околу прашањето посветено на терористичката организација ФЕТО.

Весникот Јени шафак во веста под наслов „ Благодарнот од Генералниот секретар на ОН до Турција“ истакнува дека премиерот Бинали Јилдирим во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН Антонио Гуетереш. После средбата Јилдирим изјавил за новинарите дека Гутереш во разговорот рекол дека после војната во Сирија  во регионот се доживува вистинска  бегалска драма , и дека Турција како ниту една друга земја ја презеде својата одговорсност и со голема пожртвуваност ги прими бегалците,ги згрижи и им ги даде сите услови потребни за егзистенција, што нас особено не радува и за што чувствуваме голема благодарност кон Турција.

Весникот сабах во веста под наслов „ Турција со новите сателити на пат кон глобална сила“ истакнува дека Турција во 2020 и во 2021 година ќе лансира нови сателити во вселената.Сателитите кои ќе ги лансира компанијата на познатиот американски бизнисмен Елон Муск ќе ја претворат Турција во глобален оператор. Турцика потпиша спогодба со компанијата Ербас за производство и лансирање на два нови телекомуникациски сателити Турксат5А и Турксат %Б во вредност од 500 милиони долари. Договорот предвидува сателитот Турксат 5А да биде лансиран во 2020'та , а сателитот Турксат 5Б во 2021 година. Лансирањето ќе боде изведено со ракетите Фалкон 9 и тоа од компанијата Спејс Икс на Муск. Турските компании ќе произведуваат одредени поважни делови на сателитите.

 



Слични вести