Турски печат 12.10.2017

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 12.10.2017

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „САД презеде конкретна иницијатива за изнаоѓање решение на визната криза со испраќање делегација“ истакнува дека претстојната недела во посета на Турција ќе допатува американска делегација која ќе одржи преговори за изнаоѓање решение на визната криза меѓу двете земји. Со членовите на делегацијата на МНР на САД ќе преводи заменик потсекретарот Џонатан Кохен. ВО недела навечер Амбасадата на САД во Анкара преку профилот на твитер соопшти дека го суспендира издавањето визи на турските граѓани, поради што согласно принципот на реципроцитет, Амбасадата на Турција во САД на ист начин возврати дека и Турција го суспендира издавањето визи на американските граѓани. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со тоа рече дека самиот лично ја издал инструкцијата Амбасадата на РТ во Вашингтон да возврати на ист начин. Вработениот во Генералниот конзулат на САД во Истанбул беше уапсен поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Турција има надеж од Средоземното море, првата длабока сондажа ќе се изврши во 2018“ истакнува дека министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак кој одговараше на прашањата на новинарите во рамките на Енергетскиот самит во Анталија рече дека првата длабока сондажа за барање нафта и природен гас ќе се изврши на почетокот на 2018 година во Средоземното море. Од сондажите во Средоземното море имаме големи очекувања. Исто така сондажните активности во Средоземното море ќе обезбедат голема предност од аспект на помалите трошоци, рече Албајрак потенцирајќи дека Турција за да може да се искачи во погорна лига, се наоѓа во еден мошне критичен период кога што поскоро треба да ја намали надворешната енергетска зависност.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „4 операции во терористичкиот коридор“ ги објавува деталите на воениот план кој Турција планира да со реализира против игрите во терористичкиот коридор на границата со Ирак и северот на Сирија. Според планот, првата рута до која што планираат предводничките воени единици на Турција од граничната линија хатај-Рејханли заедно со приврзаниците на Слободната сириска армија да влезат во Идлиб е местото Дар та Изах северно од Идлиб. „Операцијата метење“ во чии рамки најпрвин се планира да се исчисти Идлиб од терористите во рамките на офанзивата ќе се раководи од тука. Со чистењето на Идлиб од терористите, линијата Идлиб-Дар та Изах ќе биде првата етапа на формирањето на транзитниот коридор кој што се планира да се формира. Во втората етапа на операцијата ќе се фрли вториот потег на транзитниот коридор со кој ќе се пристигне до подрачјето Еуфратски штит. Во рамките на „операцијата за гушење на ЈПГ“, се предвидува подрачјето меѓу Џиндериси јужно од Африн и Тел Рифат северно од Алепо во кое претежно живеат Арапи и се наоѓа под контрола на терористичката организација ЈПГ, подрачјето да се исчисти од терористите и да се трансформира во безбедна зона.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Разузнавачка соработка на турско-иранската граница“ истакнува дека Турција и Иран кои во последно време ги зајакнаа дипломатските односи, ќе започнат заедничка борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Двете земји ќе остварат заедничка соработка во граничната безбедност во борбата против тероризмот споделувањето на разузнавачките информации и координација. Двете земји во првата етапа планираат да ја пресечат физичката поврзаност на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и да ја маргинализираат.

Весникот „ХаберТурк“ во веста под наслов „Привршуваат подготовките за сериско производство на првиот национален тенк Алтај“ ја објавува изјавата на потсекретарот за одбранбена индустрија Исмаил Демир кој рече дека ги очекуваат понудите на претстојниот тендер за сериското производство на домашниот борбен тенк Алтај. Во говорот на конференцијата која беше одржан под покровителство на Здружението на независните индустријалци и бизнисмени (МУСИАД), потсекретарот Демир на едно прашање во врска со сериското производство на домашниот тенк Алтај рече дека моментално ги очекуваме понудите. Поранешниот министер за одбрана Фикри Ишик најави дека во јули ќе се одржи тендер за сериско производство на тенкот Алтај. Освен домашната компанија Отокар, големо искуство во дизајнирањето и производството на гасениците на оклопните возила има и компанијата ФНСС. Компаниите БМЦ и Катмерџилер имаа голем искуство во производството на оклопни возила на тркала, Тумосан развива проект за производство на оклопно возила на тркала.



Слични вести