Турски печат 06.10.2017

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 06.10.2017

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Ќе се откаже од оваа љубов“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој на враќање од посетата на Ирак во освртот на незаконскиот референдум што се одржа на 25 септември во Регионалната курдска управа на северот на Ирак рече: Секако дека сите оние кои што го отворија патот на незаконскиот референдум ќе бидат принудени да го платат цехот за тоа. Не се свесни што направија. Барзани ќе се откаже од оваа љубов, рече Ердоган.

Весникот „Ватан“  во веста под наслов „Нова тактика“ истакнува дека по операцијата во Мугла во која 7 терористи на сепаратисчко-терористичката организација ПКК беа фатени живи, овојпат беа неутрализирани 5 терористи. Министерството за внатрешни работи во врска со прашањето истакна дека терористите на ПКК преку Латакија се обидуваат да се инфилтрираат во крајбрежјето на Егејското и Средоземното море. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека по последните обиди за инфилтрирање на терористичката организација од северната страна на Ирак, Иран и Африн, се во потрага по нови методи.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Аракан умира, каде е светот“ истакнува дека министерката за семејсни и социјални политики Фатма Бетул Сајан каја во рамките на активностите за собирање помош за Аракан се состана со претставниците на Невладините организации на жените. Во говорот во оваа прилика министерката Каја го упати следниот повик до светот: Никој не може да се пофали со цивилизираност кога само немо ги набљудуваат зулумите и притисоците, тагата и жалоста на која се изложени жените и децата во Аракан. И покрај тоа светот да остане индиферентен наспроти зулумите врз муслиманите Рохингја, Турција ќе продолжи да пружа помош на настраданите и невини луѓе.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Му се промени животот со флејтата“ истакнува дека малата Мерве Башоглу која порасна во дом за сираци, откако ја виде флејтата на учителот многу ја засака и почна да свири така да и се промени животот. Мерве коа учи на одделот за флејта на универзитетот Билкент, уште отсега беше прифатена на најдобриот француски конзерваториум во Ница. Госпоѓа Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и министерката за семејни и социјални политики Фатма Бетул Саја Каја се ангажираа за преземање активности за намирување на трошоците на школување на Мерве Башоглу.

Весникот „ХаберТурк“ во веста под наслов „Единствен излез победа“ истакнува дека единствена цел на турската фудбалска репрезентација на вечерниот натпревар против Исланд на патот за Првенството во Русија во 2018 година е победа. Судија на вечерниот натпревар е Шимон Марциниак од полската фудбалска федерација.



Слични вести