Турски печат 12.09.2017

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 12.09.2017

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Турција е во хармонија со Русија и Иран“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој на враќање од Казахстан во авионот одговараше на прашањата на новинарите. Ердоган за новинарите рече: Во врска со ситуацијата во Идлиб можам да го кажам следното. Самитот што ќе се одржи на 14 септември во Астана има големо значење. Моментално го спроведуваме процесот околу кој со Русија претходно имавме постигнато компромис. Не станува збор за никакво недоразбирање или конфликт со оваа земја во однос на прашањето. Исто така немаме никаков спор ниту со Иран. Тоа го утврдивме на средбата со претставниците на Иран во Казахстан. Мислам дека по самитот во Астана ќе продолжиме со средбите. Случувањата се развиваат во поволна насока, рече претседателот Ердоган.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Кампања за помош на Аракан“ истакнува дека се притисна на копчето за сеопфатната кампања за помош на Аракан која започна под покровителство на претседателот Ердоган. Потпретседателот на владата Реџеп Акдаг рече дека почнаа преговорите за пружање трајна и сеопфатна помош на муслиманите од Аракан и дека тоа претставува човечка совест и на Турција. Со великодушноста на турскиот народ и финансиските извори кои што ќе ги формираме уште еднаш ќе им подадеме рака на нашите муслимански браќа во Аракан. Турција е одраз на совеста на човештвото во однос на ова прашање и така ќе продолжи да биде. Тоа е неминовност на нашето верско убедување и постоење. Во рамките на кампањата беше формирана и веб страница. Сите оние кои што сакаат да пружат помош со поопширни информации можат да се стекнат преку следната веб страница на интернет: www.arakanasahipcik.org.



Слични вести