Турски печат 11.08.2017

Преглед на денешниот турски печат

Турски печат 11.08.2017

Весникот Сабах во веста под наслов „Турција ќе извезува соларни панели низ целиот свет“ истакнува дека, министерот за енергија и природни ресурси на Република Турција Берат Албајрак  најавил дека првите домашни соларни панели ќе бидат произведени пред истекот на 2018 година. Наскоро во целиот наш регион ќе можат да се видат соларните панели со жигот на Мејд ин Туркије, подвлече министерот албајрак и додаде дека Турција од идната година ќе започне со извоз на соларни панели и не само во земјите од регионот на Црното море, туку и во земјите од регионот на Средоземното море,каде Турција ќе биде поактивна во сондирање на нафта и гас.

Весникот Хуријет во веста под наслов „Турција на саемот Експо во Казахстан“ известува дека Турција годинава реализира вистонско истоварување на меѓународниот саем Експо во главниот град на Казахстан Астана. Турската делегација ја предводи министерот за економија Нихат Зејбекчи кој по пристигнувањето во Астана рече :Дојдете да ги отстраниме сите пречки кои стојат пред нас. 21.век ќе биде век на Турција и на Казахстан.Турскиот простор на саемот експо во Астана се простира на скоро 1000 км квадратни. Турција на овој настан ќе ја претстават и артистите на телевизиската серија Дирилиш Ертуглу, како и пејачот Бурај и музично сценскиот ансамбл Анадолски оган.

Весникот Стар во веста под наслов „Ќе се исуши мочуриштето Ергене“ пишува дека мочуриштето Ергене во тракиската регија на Турција конечно че биде исушено а со тоа дека ќе им дојде крајот на маките на земјоделците од овој регион. Проектот истакна министерот за шумарство и водостопанство Вејсел Ероглу ќе биде заокружен во 2019 година.

Весникот Хабертук во веста под наслов  Камбаната стара 629 години ќе се врати во Ван, истакнува дека властите во Иран соопштија дека ќе ја вратат камбаната стара 629 години во нејзиното старо место, местото кое и припаѓа а тоа е Ван во Турција и тоа во црквата Света Богородица. Инаку камбаната била подарена на црквата Света Богородица во Ван во 1388 година. Камбаната денес се исложува во Антрополошкиот музеј во Урумије во Западен Азербејџан во Иран. Како што изјави Мир Хади Кара Сејит Румјани инаку потпретседател на Заводот за културен мираз,домашни ракотворби и туризам, камбаната наскоро ќе биде вратена во црквата Света Богородица во Ван.

 

 

 

 



Слични вести