Турски печат 18.05.2017

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 18.05.2017

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Претседателот Ердоган рече дека ќе дојдат и ќе почукаат на нашата врата за Сирија“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на прес конференцијата што ја одржа по средбите во Вашингтон пред амбасадата на РТ. Ердоган на прес конференцијата направи проценка на средбата си американскиот претседател Доналд Трамп и рече дека е неприфатлива соработката на САД со терористичката организација ПЈД во Сирија, која претставува фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Јас верувам дека ќе дојдат и ќе ни почукаат на вратата во врска со Сирија. Моментално Рака се наоѓа под опсада. Што се ќе се случи ќе имаме можност да видиме во претстојниот период. Но исто така не треба да се заборави дека и Турција ќе биде присутна на терен. Турција ќе биде присутна како во Сирија така и во Ирак. Како одлучувачки механизам Турција не може да се изолира од случувања во регионот. Впрочем претстојните денови се планира да се одржи Самит на НАТО. Тероризмот ќе биде значајна тема и на овој самит. Прашањата во врска со тероризмот ќе се најдат на агендата на Самитот на НАТО, рече Ердоган.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Поддршка од Гутерес на мотото дека светот е поголем од 5“ истакнува дека поддршка на мотото на претседателот Реџеп Тајип Ердоган дека светот е поголем од 5, кој со години потенцира на потребата за промена на статусот на СБ на ОН, овојпат поддршка пристигна и од страна на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес. Во говорот на Генералното заседание на Европскиот парламент во францускиот град Стразбур, генералниот секретар на ОН Гутерес потенцираше дека се налага неминовна потреба за реформи на ОН со цел да се постигне поголема ефикасност на организацијата. Реформата на ОН е посебно прашање. Треба да ја стекнеме довербата на земјите членки на ОН, подвлече Гутерес.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „10 пати зголемени инвестициите на турските компании во странство“ истакнува дека Деловниот совет за инвестиции во странство при Советот за надворешно економски односи (ДЕИК) и „Bain&Company“ го објавија индексот за инвестиции во странство кој беше изготвен за турските компании во 2017 година. Според извештајот, турските компании во изминатите 10 години оствариле соединување со други компании и откуп во износ од 28 милијарди долари, од кои 8 милијарди долари биле инвестирани во нови инвестиции. Претседателот на Управниот одбор на ДЕИК Омер Џихад Вардан во изјавата за печатот рече дека турските инвестиции во странство во последните 15 години се зголемија за 10 пати и дека продолжува трендот на пораст. Содружникот на компанијата „Bain&Company“ Волкан Кара рече дека глобалните соединувања и откупи со пораст од 13 насто достигнаа 831 милијарда долари.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Турски фестивал во Москва“ истакнува дека Турскиот фестивал во Москва на кој ќе бидат изнесени културните, туристички и уметнички вредности и достигнувања на земјава ќе даде придонес во зајакнувањето на пријателството меѓу двете земји. Фестивалот ќе се одржи од 16 до 18 јуни со поддршка на Министерството за култура и туризам, Федерацијата на хотелиерите на Турција (ТУРОФЕД), Унијата на патничките агенции на Турција (ТУРСАБ), Здружението на туристичките инвеститори на Турција (ТЈД), Унијата на туристичките водичи (ТУРЕБ), Унијата на хотелиерите на Турција (ТУРОБ) и Унијата на руско-турските бизнисмени (РТИБ).

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Награда за иновација на Турски Телеком“ истакнува дека во рамките на наградите за иновација САП Хана 2017 на светско позната корпоративна компанија за софтвери САП, од 150 компании Турски Телеком беше наградена со специјалната награда на честа. Во добивањето на наградата има големо значење од глобален аспект за технолошкиот свет, голема улога имаат постигнувањето продуктивност и зголемување на брзината во интегрирањето на финансиските операции, известувањето, планирањето и перформансот во еден единствен систем.



Слични вести