Турски печат 21.04.2017

Еве ги поважните настани за кои известуваат денешните турски весници

Турски печат 21.04.2017

Весникот  Хабертурк во веста под наслов „ Ердоган на 16 и 17 мај ќе се состанам со Трамп во Вашингтон“ известува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во интервју за американскиот А Њуз телевизиски канал истакнал дека на 16 и 17 мај во Вашингтон ќе се состане со новиот американски претседател Доналд Трумп.Во разговорот ќе стане збор за барањето на Турција за испорачување на челникот на терористичката организафија ФЕТО,Фетулах Ѓулен. „Почитуваниот Трамп нема да го прави тоа што го направи неговиот претходник Обама. Најмалку што очекуваме е да донесе административна одлука за тоа.Ќе го разгледаме и сириското прашање. Со Асад повеќе не може понатаму. Ние постојано истакнувавме дека ќе биде подобро ако власта во земјата биде предадена на преодна влада која ќе биде избрана од страна на народот,што, по се изгледа и ќе биде така“ истакнува претседателот Ердоган.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Не се смета за терористичка организација ако не го нападне Западот“ истакнува дека, портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин во контакт емисија на еден турски телевизиски канал меѓу другото предупредил на секташките судири.Ќе биде голема грешка ако тероризмот се ограничи само со терористичките организации како што се ДЕАШ, Ал Каеда и другите. Се додека тие не нападнат западна земја,терористичките организации не се сметаат за терористички од страна на западните земји.

Весникот Јени Шафак во веста под наслов „ Ердоган лидер и на Арапите“ истакнува дека Јана Јабур професор по политички науки на Универзитетот Сент Џозеф во Бејрут, Либан вели дека Ердоган во арапскиот свет се третира како лидер.Многу арапи на Ердоган гледаат како на надеж за народот на Блискиот исток. Тие му се благодарни на Ердоган што се спротивставува на Западот и што ја брани муслиманската кауза пред целиот свет.

Весникот Сабах во веста под наслов „ Капиталот од Персискиот Залив се прелева во Шанлиурфа“ известува дека  во организација на владината Агенција за промоција и поддршка на инвестирањето и Агенцијата за обнова на Караџадаг околу 50 бизнисмени од Саудиска Арабија, Катар, Кувајт и Бахреин допатуваа во Шанлиурфа за истражување на можности за соработка во земјоделието и сточарството. Воедно целта на овие бизнисмени е да се развива соработката во земјоделието и сточарството со Турција и земјите од Персискиот Залив.

Весникот Стар во денешното издание пишува дека после уставниот референдум заживеа туристичкиот пазар. Весникот се ослонува на Хасан Бајрам претседател на извршниот одбор на  ТУСАД - друштво на туристички агенции и бизнесмени од Истанбул кој што вели дека туристите бараат безбедна дестинација. Тоа што референдумот за уставни измени помина успешно ги охрабри странските туристички агенции да се ориентираат кон Турција. После референдумот Турција се покажа како безбедна и мирна земја која влева доберба кај клиентите,што мошне позитивно се одрази на туристичкиот сектор.

 

 



Слични вести