Владата во САД може да се затвори

Демократите не го прифатија предлогот за фондот којшто го бара претседателот Трамп за изградба безбедносен ѕид по должината на границата со Мексико

Владата во САД може да се затвори

Продолжува кризата со владата во САД која 35 дена е затворена поради фондот за изградба на безбедносниот ѕид со Мексико.

Како последица на недоразбирањата на разговорите во Конгресот околу фондот за изградба на ѕидот дојде и бројот на приведените на границата, дојде до блокирање на разговорите, а исто така голема е веројатноста за повторно затворање на владата.

Изворите кои дадоа изјави за американските медиуми истакнаа дека преговорите се на прагот на колапс.

Ричард Шелби, претседателот на Комитетот за распределување во американскиот сенат од редовите на Републиканците во интервјуто за Фокс рече дека според мене, преговорите засега се блокираа. Мислам дека во текот на денот или утре изутрина ќе можеме да преземеме иницијатива, бидејќи времето поминува.

Шелби рече дека Демократите не го прифатија предлогот за фондот којшто го бара претседателот Трамп за изградба безбедносен ѕид по должината на границата со Мексико.



Слични вести