Гутерес: За разлика од европските земји, африканските земји ги држат отворени своите врати

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес истакна дека за разлика од европските земји, африканските земји и покрај сите тешкотии со кои што се соочуваат ги држат отворени своите врати за мигрантите

Гутерес: За разлика од европските земји, африканските земји ги држат отворени своите врати

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес говореше на 32'от Лидерски самит на Африканската унија (АУ) во главниот град на Сомалија Адис Абеба чија тема годинава е „Мигрантите и присилно раселените“.

Гутерес истакна дека африканските земји и покрај сите тешкотии со кои што се соочуваат ги држат отворени своите врати за мигрантите.

Тој алудирајќи на европските земји кои ги затвораат своите врати за мигрантите, потсети дека африканските земји ги држат отворени своите врати за голем број луѓе кои имаат потреба од заштита.

Антонио Гутерес рече: „И покрај сопствените социјални, економски и безбедносни тешкотии на континентот, африканските влади и народот ги држат отворени своите врати за милиони луѓе. За жал овој пример не се следи секаде.“

Велејќи дека пред Обединетите нации (ОН) и Африканската унија (АУ) се наоѓаат три значајни проблеми, Гутерес напомена дека тоа се мирот и безбедноста, одржливиот развој и климатските промени.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес потсети дека почнувајќи од 2020 година во Африканската унија (АУ) ќе добие значење дневниот ред за „молк на оружјето“ и нагласи дека почна да дава резултат дипломатијата што се води по ова прашање.



Слични вести