Амбасадорот на Кина во Исламабад најави признавање на авганистански Талибан како политичка сила

Амбасадорот на Кина во Исламабад Јао Јинг рече: „Кина ќе го признае авганистански Талибан како политичка сила, бидејќи учествуваат во политичкиот процес што се води за постигнување мир во Авганистан и имаат извесни политички грижи.“

Амбасадорот на Кина во Исламабад најави признавање на авганистански Талибан како политичка сила

Според една вест објавена во пакистанскиот печат, амбасадорот на Кина во Исламабад Јао Јинг истакна дека неговата земја ќе го признае авганистански Талибан како политичка сила.

Кинескиот амбасадор Јао Јинг кој говорел на еден состанок во градот Пешавер и честита на управата на Исламабад заради напорите кои што ги вложува за постигнување мир во Авганистан.

Велејќи дека Талибан располага со политички грижи, Јинг рече: „Кина ќе го признае авганистански Талибан како политичка сила, бидејќи учествуваат во политичкиот процес што се води за постигнување мир во Авганистан и имаат извесни политички грижи.“

Потсетувајќи дека кинески функционери ја посетиле политичката канцеларија на Талибан во главниот град на Катар Доха, Јинг додаде: „Кинеската управа ги поддржува сите чекори кои што ќе бидат фрлени за воспоставување на мирот во Авганистан, бидејќи авганистанскиот народ веќе заслужува мир и стабилност.“

Инаку, специјалниот претставник на САД за Авганистан Залмај Халилзад на 14 јануари престојуваше на разговори и во Кина и во објавата што ја сподели преку социјалната медија по остварените разговори напиша: „Одржавме продуктивен состанок во кинеските функционери кои ветија дека мирот во Авганистан ќе биде успешен. Постигнавме согласност за регионална поддршка на сеопфатниот мир на целокупните територии на Авганистан и Авганистан уште еднаш да не стане терористичко гнездо.“



Слични вести