Синан Селен стана потпретседател на Федералната канцеларија за заштита на Уставот (БфВ) на Германија

На интернет страницата на канцеларијата, е внесена биографијата на Синан Селен, кој ќе ја извршува функцијата помошник на претседателот на БфВ Томас Халденвег и се истакнува дека Синан Селен официјално почна да ја извршува оваа негова функција

Синан Селен стана потпретседател на Федералната канцеларија за заштита на Уставот (БфВ) на Германија

За потпретседател на Федералната канцеларија за заштита на Уставот (БфВ), која инаку е одговорна за внатрешно разузнавање во Германија, е назначен Синан Селен од турско потекло.

На интернет страницата на канцеларијата, е внесена биографијата на Синан Селен кој ќе ја извршува функцијата помошник на претседателот на БфВ Томас Халденвег и се истакнува дека Синан Селен официјално почна да ја извршува оваа негова функција. 

На тој начин за прв пат лице од доселеничко потекло во Германија е назначено на една ваква значајна позиција, како втор човек на службата за внатрешно разузнавање на земјата. 

Како што се истакнува Селен е роден во Истанбул и дипломирал на Правниот Факултет на Универзитетот во Келн.

Синан Селен од 2000 до 2006 година бил на различни должности во Федералната канцеларија за кривични дела, а во 2006 година преминал во Министерството за внатрешни работи каде што работел во одделот за странски тероризам и странски екстремизам во секторот за борба против тероризам.

Во периодот 2009-2012 година ја извршувал должноста потпретседател на одделот за борба против кривични дела во Генералната дирекција на полицијата, а во 2016 година преминал во приватниот сектор и ја формирал безбедносната инфраструктура на туристичкиот оператор ТУИ во целиот свет.

Синан Селен повторно се врати во службата за разузнавање овојпат како потпретседател и од вчера официјално стапи на должност.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер го посети седиштето на Федералната канцеларија за заштита на Уставот (БфВ) во Келн и и посака успех на новата управа.

Поранешниот претседател на Федералната канцеларија за заштита на Уставот (БфВ) Ханс Георг Масен поради изјавите што ги даде во август по инцидентите со мигрантите во градот Чемниц ја привлече реакцијата на владата, по што поднесе оставка.



Слични вести