Во воздушен напад на коалиционите сили кај Деир ез-Зор во Сирија загинаа 20 цивили

Во воздушен напад на коалиционите сили загинаа 20 лица кои се обидувале да избегаат од судирите помеѓу двете терористички организации ДЕАШ и ЈПГ/ПКК кои што продолжуваат во месноста Сусе во руралното подрачје на Деир ез-Зор во

Во воздушен напад на коалиционите сили кај Деир ез-Зор во Сирија загинаа 20 цивили

Во реализираниот воздушен напад од страна на коалиционите сили предводени од САД во близина на градот Деир ез-Зор загинаа 20 цивили.

Според добиени информации од локални извори во Деир ез-Зор, 20 цивили кои се обидувале да избегаат од судирите помеѓу двете терористички организации ДЕАШ и ЈПГ/ПКК кои што продолжуваат во месноста Сусе во руралното подрачје на Деир ез-Зор, загинаа во воздушен напад на коалиционите сили предводени од САД.

Истите извори истакнаа дека загинатите цивили избегале од претходните судири и се засолнале во месноста Сусе.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на САД ги окупира областите во источните, западните и северните рурални места на Деир ез-Зор во источниот дел на реката Еуфрат.

ЈПГ/ПКК поддржана од воздух од САД и од копно со топовски истрели од Франција, на 11 септември 2018 година  започна напади за целосно протерување на ДЕАШ од Деир ез-Зор.

Откако ЈПГ/ПКК го окупира центарот на населеното место Хеџин, последната тврдина на ДЕАШ во Деир ез-Зор, по два дена на 26 декември 2018 година го зазеде и центарот на месноста Бухатир.

На тој начин терористичката организација ДЕАШ моментално е присутна само во две мали населени места во Деир ез-Зор во западниот дел на реката Еуфрат. ДЕАШ ги држи во свои раце Сусе и Багоз.

Во подрачјето западно од реката Еуфрат во Деир ез-Зор пак се наоѓаат режимските сили на Бешар Асад.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, држи под окупација приближно една третина од териториите на Сирија.

 



Слични вести