Путин: Турски тек ќе почне целосно да функционира до крајот на 2019 година

Рускиот претседател Владимир Путин во заедничко интервју за два српски весници "Политика" и "Вечерње Новости" истакна дека Турски тек ќе почне целосно да функционира до крајот на 2019 година

Путин: Турски тек ќе почне целосно да функционира до крајот на 2019 година

Рускиот претседател Владимир Путин пред неговата претстојна посета на Србија даде заедничко интервју за  два весници  на  оваа земја  "Политика" и "Вечерње Новости".

Путин истакна дека процес во врска со изградбата на гасоводот Турски тек со чие посредство рускиот природен гас преку Црното Море и Турција ќе се испорачува во Европа се одвива онака како што е планирано и дека гасоводот ќе почне целосно да функционира до крајот на 2019 година.

Велејќи дека руската енергетска компанија „Газпром“ разгледува различни опции за продолжување на гасоводот од копно кон Европа, рускиот претседател Владимир Путин рече: "Едната од нив е преку Бугарија, Србија и Унгарија да се поврзе со центарот за дистрибуирање во Австрија. Во тој случај Србија не само што ќе го користи рускиот гас, туку и ќе го олесни неговиот пренос. Тоа пак многу ќе  обезбеди значајна корист за српската економија."

 



Слични вести