Меј во врска со Брегзит: Наша задача е да го ставиме во примена резултатот од референдумот

Британската премиерка Тереза Меј обраќајќи им се на пратениците кои се подготвуваат да гласаат против на утрешното гласање во Парламентот за Договорот за Брегзит рече: „Наша задача е да го ставиме во примена резултатот од референдумот“

Меј во врска со Брегзит: Наша задача е да го ставиме во примена резултатот од референдумот

Британската премиерка Тереза Меј за време на посетата на една фабрика во градот Сток-он-Трент истакна дека доколку Парламентот на утрешното гласање го отфрли Договорот за Брегзит (излегување на Велика Британија од ЕУ) ќе се зголеми можноста земјата да остане како земја членка на ЕУ.

Обраќајќи им се на пратениците кои се подготвуваат да гласаат против на утрешното гласање за Брегзит, Меј рече: „ Од пратениците посакувам да ги земат во предвид резултатите од чекорите кои што ќе ги фрлат, од аспект на верувањето на британскиот народ кон нашата демократија. Ќе биде предизвикана голема штета на верувањето кај народот кон демократскиот процес и политичарите. Наша задача е да го ставиме во примена резултатот од референдумот.“ 

Како што наведуваат политичките посматрачи, британската премиерка Тереза Меј велејќи дека нема да се реализира Брегзит се обидува да обезбеди пратениците кои се на страната на остар Брегзит да дадат поддршка на нејзиниот договор.

Од Конзервативната партија чиј лидер е Тереза Меј на утрешното гласање во британскиот Парламент се очекува да гласаат против договорот приближно 100 пратеници.

Претходно 10 пратеници и од Демократската унионистичка партија (ДУП) која е на страната на остар Брегзит и која ја поддржува малцинската влада од надвор, исто така соопштија дека ќе гласаат против Договорот за Брегзит на британската премиерка Тереза Меј.



Слични вести