Амбасадорот на САД во Берлин Гренел им се заканил на фирмите кои работат во проектот Северен тек 2

Според веста на германскиот весник „Билд ам Сонтаг“, американскиот амбасадор во Берлин Ричард Гренел во писмото кое што го испратил до германските фирми ги предупредил по прашањето на тоа дека би можеле да се соочат со американски санкции

Амбасадорот на САД во Берлин Гренел им се заканил на фирмите кои работат во проектот Северен тек 2

Амбасадорот на САД во Берлин Ричард Гренел им се заканил со санкции на фирмите кои работат во гасоводниот проект Северен Тек 2.

Според веста на германскиот весник „Билд ам Сонтаг“, американскиот амбасадор во Берлин Ричард Гренел во писмото кое што го испратил до германските фирми ги предупредил по прашањето на тоа дека би можеле да се соочат со американски санкции.

Како што се вели, американскиот амбасадор Гренел во писмото кое што го напишал до фирмите кои учествуваат во проектот Северен тек 2, со кој што се предвидува со посредство на гасоводот преку Балтичкото Море да се транспортира природен гас од Русија во Германија, истакнал дека би можеле да бидат казнети во рамките на Законот за борба против американските противници по пат на економски санкции (CAARSA).

Гренел нагласил дека со проектот Северен тек 2 ќе се стави крај на потребата од испорачување природен гас за Европа преку Украина и дека оваа состојба пак ќе стане причина Украина да го изгуби адутот што го држи во свои раце против агресивните политики на Русија.

Освен САД, и Полска бара од Германија да го напушти проектот Северен тек 2.



Слични вести