Жолтите елеци повторно излегоа на улиците во Франција на чело со главниот град Париз

Протестите на жолтите елеци во Франција на чело со главниот град Париз продолжија и вчера (сабота) во деветата недела од почетокот на протестите

fransa sari yelekliler2.jpg
fransa sari yelekliler1.jpg

Демонстрациите на жолтите елеци кои како реакција против поскапувањето на горивото и влошувањето на економските услови во Франција започнаа на 17 ноември и потоа се претворија во гнев против управата на претседателот Емануел Макрон, продолжија и во 9'тата недела.

Жолтите елеци кои вчера, во сабота повторно се состанаа на плоштадот Бателон де Пасифик во близина на министерството за економија во францускиот главен град Париз, во 11:00 часот според локално време тргнаа кон улицата Шанз-Елизе.

Демонстрантите повремено извикуваа слогани „Макрон оставка“.

Во градот Бурж пак, не беше дозволено да се одржи протест во историскиот центар на градот и протестот беше одржан во друг дел на градот.

За протестите во цела Франција беа ангажирани 80 илјади полицајци.

Поради тоа што на себе носеле предмети кои што би предизвикале штета во главниот град Париз беа притворени 24 лица, а во Бурж 5 лица.

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер предупреди против зголемувањето на радикализмот меѓу демонстрантите од кои поголемиот дел се мирољубиви.

Кастанер се закани дека ќе се одговори остро против оние кои создаваат нереди или оние кои ги поддржуваат нив.

 



Слични вести