Вооружен напад во купопродажен центар во САД: Две лица се ранети

Во вооружен напад во еден купопродажен центар во областа Џерси Сити во сојузната држава Њу Џерси во САД според првични информации с ранети две лица, а во врска со случајот се притворени две лица

Вооружен напад во купопродажен центар во САД: Две лица се ранети

Во вооружен напад во еден купопродажен центар во областа Џерси Сити во сојузната држава Њу Џерси во САД се ранети две лица.

Претседателот на општината Џерси Сити Стив Фулоп изјави дека во вечерните часови бил отворен оган во купопродажниот центар Њупорт  и дека едниот од жртвите бил ранет во стомавот, а вториот во раката.

Велејќи дека здравствената состојба на ранетите е сериозна, Фулоп рече дека  се мисли оти до случајот дошло поради кавга помеѓу банди и дека во врска со случајот биле притворени две лица.

По вооружениот напад лицата кои се наоѓале во купопродажниот центар биле евакуирани.



Слични вести