Експлозија во францускиот главен град Париз: Има голем број повредени

Во една пекарница во главниот град на Франција Париз дојде до експлозија во која според вестите кои што пристигнуваат се повредени голем број лица

fransa patlama.jpg
fransa patlama1.jpg

Во експлозија во една пекарница во главниот град на Франција, Париз, се повредени голем број лица.

Во објавеното соопштение од Дирекцијата на полицијата во Париз, се истакнува дека во една пекарница на улицата Тревис во 9'тото подрачје најпрвин избувнал пожар, а потоа дошло до експлозија.

Во вестите објавени во француските медиуми се вели дека експлозијата во која има голема број повредени лица можеби е предизвикана од истекување на гас.

Поради настанатата силна експлозија беа скршени стаклата на околните згради и улицата беше претворена во бојно поле.

Во врска со експлозијата постои сомневање дека можеби претставува терористички напад.

Засега полицијата не објави било какво официјално соопштение.

На местото на експлозијата кое е земено под безбедносен обрач се испратени противпожарни екипи и се евакуирани лицата кои живеат во близина на местото на настанот.

 



Слични вести