Трамп нема да учествува на Светскиот економски форум во Давос

Поминаа 21 ден од делумното затворање на федералната влада поради кризата во врска со буџетот околу одвојувањето на средствата за безбедносниот ѕид кој планира да се изгради по должината на границата со Мексико

Трамп нема да учествува на Светскиот економски форум во Давос

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека поради привремената криза околу буџетот и затворањето на федералната влада, нема да учествува на Светскиот економски форум во Давос.

Во пораката преку профилот на твитер, Трамп истакна:

Со респект се откажувам од учеството на Светскиот економски форум во Давос поради неусогласивиот став на Демократите во врска со граничната безбедност и безбедноста на нацијата. Посакувам срдечни честитки и искрен се извинувам поради неучеството, рече Трамп.

Поминаа 21 ден од делумното затворање на федералната влада поради кризата во врска со буџетот околу одвојувањето на средствата за безбедносниот ѕид кој планира да се изгради по должината на границата со Мексико.

Американскиот сенат во септември го одобри предлог буџетот од 854 милијарди долари со кој се предвидува да се спречи затворањето на федералната влада пред дополнителните избори во ноември.

Според законите на САД, во случај Конгресот не го одобри буџеттот за финансиската тековна година која започнува на 1 октомври и завршува на 30 септември, се предвидува затворање на привремените буџети. Во периоди кога не се одобрува привремениот буџет, се затвора и федералната влада која го губи овластувањето за трошење.



Слични вести