Пристигнуваат вести дека започнал процесот на повлекување на американските војници од Сирија

Портпаролот на коалицијата предводена од САД полковник Шон Рајан во објавено писмено соопштение за Асошиетедпрес истакна дека не би можеле да дадат детални информации во врска со календарот за повлекување, локацијата или движењето на единиците

Пристигнуваат вести дека започнал процесот на повлекување на американските војници од Сирија

Портпаролот на коалицијата предводена од САД полковник Шон Рајан во писменото соопштение што го даде за американската новинарска агенција АсошиетедПрес (АП) истакна: "Започна нашиот испланиран процес за повлекување од Сирија."

Полковник Рајан наведе дека поради оперативната безбедност не би можеле да дадат детални информации во врска со календарот за повлекување, локацијата или движењето на единиците.

Во веста се вели дека не можат да се добијат повеќе детали и дека не се знае колку возила или единици се повлекле.

Претходно еден функционер од американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) изјави за новинската агенција Анадолија дека почнало повлекувањето на дел од воената опрема во Сирија.

Американскиот телевизиски канал "CNN" пак, тврдеше дека Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) ги утврди бродовите и авионите кои ќе бидат искористени во операцијата за повлекување.

Инаку, процесот на повлекување на американските војници од Сирија започна по одлуката што ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември 2018 година. Оваа одлука на Трамп доведе до оставка на секретарот за одбрана (Пентагон) Џим Матис.

Матис неколку дена пред да ја напушти својата функција на 1 јануари, ја издаде директивата до американската армија за започнување на процесот на повлекување од Сирија.

 



Слични вести