Николас Мадуро свечено ја положи заклетвата

Мадуро на изборите освои околу 6 милиони од валидните 8 милиони гласови

Николас Мадуро свечено ја положи заклетвата

По изборот за претседател на Венецуела на претседателските избори што се одржаа на 20 мај, Николас Мадуро свечено ја положи заклетвата во Врховниот суд во Каракас.

Турција на свеченото полагање на заклетвата на Мадуро кој на изборите уште во првиот круг освои 68 насто од гласовите беше претставена од страна на потпретседателот Фуат Октај.

На свеченото полагање на заклетвата на претседателот на Венецуела Мадуро учествуваа претседателот на Боливија Хуан Ево Моралес, претседателот на Куба Мигуел Марио Диаз-Канел и високи претставници на над 90 земји од светот.

Мадуро на изборите освои околу 6 милиони од валидните 8 милиони гласови.

Останатите кандидати Хенри Фалкон освои 1 милион 820 илјади, Хавиер Бертучи 925 илјади, Реиналдо Куијада 34 614 гласови.

Венецуела која под водство на администрацијата на Николас Мадуро се обидува да се справи со сериозната економска и политичка криза, е цел на голема политичка изолација и финансиски санкции



Слични вести