Џевад Зариф: Иран нема да стане „нормална“ држава онака како што тоа го бараат САД

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф истакна дека неговата земја нема да стане „нормална“ држава онака како што тоа го бараат САД и напомена дека вашингтонската администрација треба да прифати оти го изгуби Техеран

Џевад Зариф: Иран нема да стане „нормална“ држава онака како што тоа го бараат САД

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф на последните изјави на американскиот државен секретар Мајк Помпео во врска со Иран одговори преку својата сметка на социјалната медија.

Џариф истакна дека неговата земја нема да стане „нормална“ држава онака како што тоа го бараат САД и напомена дека вашингтонската администрација треба да прифати оти го изгуби Техеран.

Велејќи „Секаде онаму каде што интервенираа САД, таму дојде до хаос, притисок и омраза“, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во врска со последните изјави на американскиот државен секретар Мајк Помпео околу тоа дека „од Иран бараат да стане нормална држава“ одговори со следните зборови: „Иран би можел да ги имитира кукла управите на САД само тогаш кога пеколот ќе замрзне и применувајќи ги моделите на човекови права на Мајк Помпео тогаш би станала 'нормална' држава (онака како што бараат тие), и она што го бараат овде САД се управата на Шахот или сегашните касапски управи. Затоа најдобро би било САД да прифатат дека го изгубија Иран.“ 

Инаку, Мајк Помпео во дадената изјава во Јордан, првата станица од неговата турнеја што ја започна по Блискиот исток истакна дека посакуваат Иран да стане како што рече „нормална“ држава и додаде: „Притисокот кон Иран ќе го зголемиме двократно не само на дипломатски план, туку и на трговски план.“



Слични вести