Терористичката ЈПГ/ПКК изврши напад со американска ракета врз Слободната сириска армија

Терористите припадници на ЈПГ/ПКК кои ја држат под окупација областа Тел Рифат во северниот дел на градот Алепо извршија напад со антитенковска ракета „TOW“ со ласерско водење, од американско производство, врз возило на Слободната сириска армија (ССА)

Терористичката ЈПГ/ПКК изврши напад со американска ракета врз Слободната сириска армија

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, од областа Тел Рифат која ја држи под окупација во Сирија реализира напад со антитенковска ракета „TOW“ со ласерско водење, од американско производство, врз област под контрола на Слободната сириска армија (ССА).

Во ракетниот напад кој погоди едно воено возило на опозиционерите загинаа двајца припадници на Слободната сириска армија (ССА).

Според добиени информации од локални извори, терористите припадници на ЈПГ/ПКК кои ја држат под окупација областа Тел Рифат во северниот дел на градот Алепо, денеска во раните утрински часови извршија напад со антитенковска ракета „TOW“ со ласерско водење, од американско производство, врз возило на Слободната сириска армија (ССА) кое патролирало на фронтовата линија во селото Келџибрин во близина на населеното место Азез.

Во нападот военото возило беше уништено и загинаа двајца припадници на Слободната сириска армија (ССА).

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и вчера во истата област извршија напад врз возило на опозиционерите, но притоа во нападот немаше загинати или ранети.



Слични вести