Слободната сириска армија го одби нападот на терористичката ЈПГ/ПКК во подрачјето на Еуфратски штит

Слободната сириска армија (ССА) го одби нападот на терористичката организација ЈПГ/ПКК која изврши напад со тешко оружје врз населеното место Маре во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, кај градот Алепо во северниот дел на Сирија

Слободната сириска армија го одби нападот на терористичката ЈПГ/ПКК во подрачјето на Еуфратски штит

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК изврши напад врз позициите на Слободната сириска армија (ССА) во подрачјето на операцијата Еуфратски штит.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК изврши напад со тешко оружје врз населеното место Маре во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, кај градот Алепо во северниот дел на Сирија, на 19 километри оддалеченост од границата со Турција.

Силите на Слободната сириска армија (ССА) веднаш одговорија на овој напад на терористите кои ги нападнаа областите Харбил, Имхуш и Шејх Иса во околината на населеното место Маре и повремено ги гаѓаа и цивилните населени места.

Судирите помеѓу страните продолжија во текот на 3 часа, додека на страната на Слободната сириска армија (ССА) нема загинати или ранети.

Од друга страна, режимските сили на Бешар Асад во текот на 10 минути извршија напад со тешко оружје врз позициите на Слободната сириска армија (ССА) кај градчето Ел Баб во подрачјето на операцијата Еуфратски штит.

И во овој напад немаше загинати или ранети од страна на Слободната сириска армија (ССА).

 



Слични вести