Заврши состанокот на шефовите на дипломатии на НАТО во Брисел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека на последната одржана седница на состанокот на шефовите на дипломатии на Алијансата во Брисел беше направена проценка во врска со Мисијата „Одлучна поддршка“ на НАТО во Авганистан

Заврши состанокот на шефовите на дипломатии на НАТО во Брисел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по состанокот на шефовите на дипломатии на НАТО во белгискиот главен ргад Брисел кој што траеше во текот на два дена, одржа состанок за претставниците на печатот.

Столтенберг истакна дека на последната одржана седница беше направена проценка во врска со Мисијата „Одлучна поддршка“ на НАТО во Авганистан.

Јенс Столтенберг рече дека сојузниците на НАТО потврдија дека даваат целосна поддршка на долгорочната безбедност и стабилност на Авганистан. 

Привлекувајќи внимание на значењето на претседателските избори кои што ќе се одржат идната година во Авганистан, Столтенберг истакна дека успешниот изборен процес ќе придонесе за мирот и стабилноста во оваа земја.

Тој рече: „Талибан веќе треба да согледа дека бесмислено е да се војува и дека само станува причина за повеќе болка. Треба да седне на преговарачката маса.“

Столтенберг укажа на тоа дека мирот и стабилноста во Авганистан не обезбедуваат корист само за сопствениот авганистански народ и рече: „Тоа е и во наша корист. Стабилен Авганистан не прави сите побезбедни.“

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг напомена дека на седницата со учество на Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини беше разговарано и за Западен Балкан и дека во тие рамки беа разгледани чекорите кои што се фрлаат во правец на процесот на членството на Македонија и воспоставувањето на блиски односи со Босна и Херцеговина.  

Столтенберг напомена дека шефовите на дипломатии на НАТО на синоќешната деловна вечера разговараа и за безбедносните закани од Блискиот исток и Северна Африка и подвлече дека мисијата на Алијансата за обука во Ирак одигрува значајна улога во борбата против тероризмот.

Освен тоа Столтенберг го соопшти и тоа дека шефовите на дипломатии за прославување на 70-годишнината од формирањето на НАТО во април 2019 година ќе се состанат во главниот град на САД, Вашингтон.

Велејќи дека исто така и лидерите на земјите членки на НАТО идната година ќе се состанат повторно, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг додаде дека во тие рамки и ќе бидат преразгледани успесите на Сојузот во минатото, и ќе биде направена проценка на чекорите кои што ќе бидат фрлени за во иднина.

 



Слични вести