„Сосема е јасно дека наредбата за убиството на Кашикчи ја издал престолонаследникот Салман“

Анонимен функционер на американскиот државен секретраијат истакна дека сосема е јасно дека наредбата за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) ја издал саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман

„Сосема е јасно дека наредбата за убиството на Кашикчи ја издал престолонаследникот Салман“

Функционер на американскиот државен секретаријат кој го видел извештајот на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА во врска со убиството на Кашикчи (Кашоги) и посакал неговото име да не биде соопштено, даде значајни изјави за американскиот телевизиски канал „ABC News“.

Овој анонимен американски функционер истакна дека сосема е јасно дека наредбата за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) ја издал саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман.

Тој напомена дека постои мошне силен консензус во однос на тоа дека саудиското лидерство е вмешано во убиството, дека никој и не дискутира за тоа и ја изнесе констатацијата дека сосема јасно стои дека наредбата за убиството на Кашикчи (Кашоги) ја издал саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман.

Во веста објавена во весникот „Вашингтон пост“ исто така се тврдеше дека американската Централна разузнавачка агенција ЦИА дошла до заклучок дека наредбата за убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) ја издал саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман.

Воедно и американскиот претседател Доналд Трамп претходно рече дека не бил информиран од страна на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА и дека во однос на ова прашање ќе разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Инаку, Главното јавно обвинителство на Истанбул соопшти дека саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) е убиен на 2 октомври во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул каде што отиде за да земе документ за венчавка.

Потоа како резултат на растечките меѓународни притисоци и Саудиска Арабија потврди дека Кашикчи (Кашоги) е убиен во зградата на генералниот конзулат во Истанбул.

 



Слични вести