Трамп за убиството на новинарот Кашикчи : Не сакав да ја слушам снимката, тоа е снимка на страдање

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека му се достапни аудио снимките од убиството на саудискиот новинар Кашикчи (Кашоги), меѓутоа рече дека не сака да ги слуша, бидејќи како што рече тоа е снимка на страдање

Трамп за убиството на новинарот Кашикчи : Не сакав да ја слушам снимката, тоа е снимка на страдање

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервјуто за телевизискиот канал „Фокс Њуз“ потврди дека аудио снимките добиени од моментот на убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул се наоѓаат во рацете на САД и дека бил детално информиран по ова прашање.

Трамп истакна дека му се достапни аудио снимките од убиството, меѓутоа рече дека не сака да ги слуша.

„Не сакав да ја слушам снимката. Таа е исполнета со насилство, брутална и ужасна.“ - изјави Тој.

Трамп аудио снимките ги окарактеризира како „снимка на страдање“ и го рече следното: “Не сакав да ја слушам снимката, а немав и одредена причина да ја слушам. Таа беше исполнета со насилство, брутална и ужасна.“

Потсетувајќи дека САД применуваат санкции против саудиските функционери, американскиот претседател Доналд Трамп го додаде следното: „Истовремено е во прашање наш сојузник и не би сакал да напуштам еден сојузник кој е многу добар во голем број точки.“

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документ за венчавка со турска државјанка по што не можеа да се добијат никакви информации од него и потоа беше обелоденето дека станал жртва на ѕверско убиство во зградата на конзулатот.

 



Слични вести