Нафтата од Киркук, Ирак почна повторно да се извезува преку Турција

Портпаролот на ирачкото министерство за нафта Асим Џихад во дадената изјава за новинската агенција АА рече: „Дневно приближно 50 илјади до 100 илјади барели нафта почнаа повторно од Киркук да се извезуваат во пристаништето Џејхан, во Турција

Нафтата од Киркук, Ирак почна повторно да се извезува преку Турција

Суровата нафта која што се вали од лежиштата во близина на градот Киркук во Ирак по пауза од приближно една година почна повторно да се извезува преку Турција.

Портпаролот на ирачкото министерство за нафта Асим Џихад во дадената изјава за новинската агенција (Anadolu Agency АА) рече: „Дневно приближно 50 илјади до 100 илјади барели нафта почнаа повторно од Киркук да се извезуваат во пристаништето Џејхан, во Турција.

Асим Џихад истакна дека испораката на нафтата се реализира преку нафтоводот во Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) и Ирачката национална нафтена компанија (СОМО).

Инаку, силите Пешмерги лојални на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) во јуни 2014 година со образложение за одбрана на Киркук од нападите на терористичката организација ДЕАШ беа распоредени во областите кои што беа напуштени од страна на ирачката армија.

Така подрачјето на градот Киркук и нафтените лежишта во текот на 3 години останаа под контрола на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ). Потоа откако Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) на 25 септември 2017 година одлучи да се одржи референдум за независност кој што инаку беше незаконски, заедничките воени сили лојални на ирачката централна влада реализираа операција во подрачјето на градот Киркук и другите дискутабилни области.

Централната влада на Ирак откако ја поспостави контролата во подрачјето на градот Киркук и другите дискутабилни области, Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) ја суспендира и испораката на суровата нафта која што со посредство на нафтоводот од Киркук се испорачува во пристаништето Џејхан, во Турција.

 



Слични вести